Create

Проекти на Град Скопје
Create

Град Скопје е учесник во проектот CREATE или „Congestion Reduction in Europe – Achieving Transport Efficiency“ што во превод значи намалување на сообраќајниот метеж во Европа – постигнување на транспортна ефикасност. CREATE е 36 месечен (2015 – 2018) истражувачки проект финансиран од страна на Европската комисија со програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“.

Овој проект е еден од првите проекти кој се занимава со задачата за справување со урбаниот сообраќаен метеж на патиштата и како тоа да се постигне на долгорочен период,  посебно во градовите со брз пораст на употребата на автомобилите. Главната цел на овој проект е намалување на сообраќајниот метеж во европските градови преку поттикнување на промена односно префрлање на патувањата со автомобил на патувања со одржливи видови на транспорт како што се јавен транспорт, транспорт со велосипед и пешачење.  

CREATE ќе им помогне на градовите да ги разделат економскиот пораст и високата мобилност како резултат на порастот на сообраќајот и да создадат одржлив транспортен систем. Повеќето градови во светот се наоѓаат во различни фази на еволуциониот процес на развој на транспортната политика.

 

ЛЕГЕНДА:

Црвена полна линија: акцент на исполнување на потребите за моторните возила (stage 1, stage 2, stage 3)

Плава испрекината линија: број на моторни возила (особено автомобили)

Зелена испрекината линија: може ли овој типичен процес на еволуција да биде скратен?

Stage 1 (фаза 1) – Скопје, Букурешт, Талин, Адана и Аман: Градови со „про – автомобилска“ политика кои се карактеризираат со рапиден пораст на урбаната економија поврзана со порастот на бројот на сопственици на автомобили и употребата на автомобилите. Тие ја приотеризираат изградбата и проширувањето на главните сообраќајници и нови простори за паркирање на автомобилите.

Stage 2 (фаза 2): Градови кои се соочуваат со проблемите поврзани со зголемената употреба на автомобили како што се сообраќаен метеж и загадување и воведуваат политики за обезбедување на подобри алтернативи за транспорт и ограничување на пристапот на возила до центарот на градот.

Stage 3 (фаза 3) – Копенхаген, Лондон, Париз, Берлин и Виена: Градови кои имаат аспирации да станат „градови за живеење“ преку поттикнување активности на улици, релокација на просторот за автомобили на јавниот транспорт и промоција на патувања со пешачење и возење велосипед.

CREATE ќе промовира трансфер на знаења до градовите од Stage 1 (Фаза 1) и ќе обезбеди поддршка за нив во кратењето на еволуциониот процес (зелена испрекината линија на слика 1) за истите да станат подобри градови за живеење и повеќе одржливи.

 

Име на проектот: CreArt -Network of European Cities for Artistic CreationПрограма; „Креативна Европа“  

ВРЕМЕТРАЕЊЕ Јуни 2017- Мај 2021ЛИДЕР Fundación Municipal de Cultura. Ayuntamiento de Valladolid (España)

ПАРТНЕРИ  1. Comune di Genova (Општина Генова) (Генова –ИТ)2. Hrvatsko Drustvo Likovnih Umjetnika (Хрватско здружение на уметници) (Загреб – ХР)3. Mairie Clermont Ferrand (Општина Клермон Феран) (Клермон Феран – ФР) 4. Katowice – Miasto Na Prawach Powiatu (Општина Катовице) (Катовице - ПЛ) 5.Ville de Rouen (Општина Руан) (Руан - ФР)6. Gmina Lublin (Општина Лублин) (Лублин - ПЛ)7. Град Скопје (Општина Скопје) (Скопје - МК)8. Città di Lecce – Comune di Lecce (Општина Лече) (Лече - ИТ)9. Градски Совет на Ливерпул (Ливерпул – ВБ)10. Vsl Artkomas (Каунас – ЛТ)11. Camara Municipal de Aveiro (Авеиро–ПТ) 
Новиот CreArt проект ќе се развива помеѓу 2017 и 2021 година и има вкупен буџет од 3.096.148 € (Европската комисија ќе обезбеди Грант од 1.548.074 €). Проектот ќе започне како продолжение на тековниот проект, кој заврши во април 2017 и во кој по 5 години работа, повеќе од 200 уметници , имаа корист од можностите за размена; Исто така, во рамките на  мрежaта  T CreArt e воведена  годишната прослава на "Европскиот ден на уметничка креативност" (21-ви март).      

Во CreArt обуките и организирањето на размени се од суштинско значење за сите сектори кои се вклучени во културните активности на нашите градови (уметници, куратори, менаџери, техничари, политичари, медиуми, ...). За овој нов проект, ние сме посветени да го зголемиме бројот и разновидноста на активностите и општо можностите за културните чинители. Би сакале да развиеме програма наменета да му помогне на сектор кој е особено погоден од актуелната економска криза. Ова ќе го сториме преку промовирање на паметен и одржлив раст во јавните администрации. Инклузивна, кохерентна и покреативна програма.

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
1. Да продолжи со постојаниот и професионален систем за транснационална мобилност, културна размена и заеднички работни искуства меѓу различни играчи во креативниот и културен сектор.2. Да развие повеќе можности за обука на културните работници: Програми за престој на уметници, работилници, семинари, конференции, средби.3. Воведување на работни методологии за одредени групи (деца, млади и возрасни), кои ќе промовираат креативност како вештина за личен развој преку образовни програми.4.Да ги искористи предностите на технолошките алатки за комуникација, дисеминација, размена на креативност и идеи за културолошки менаџмент преку веб-страната на CreArt и платформата на идеи и проекти.5. За го зајакне развојот на публиката преку институционализација во различни градови на Европскиот ден на уметничкото творештво и Европските патувачки изложби.6. Да се ​​идентификуваат и истражат, во рамки на конференциите, семинарите и средбите, најдобрите практики во развојот предводен од културата.7. Да помогне во развојот на социјален статус за уметници, врз основа на Предлог Резолуцијата на Европскиот парламент (2006/2249)8. Да се зајакне создавањето и ширењето на културолошката понуда во градовите на Мрежата9. Да се ​​поттикне развој и модернизација на секторот за Визуелна уметност и културните индустрии, помагајќи да се консолидира креативниот сектор на локално и европско ниво.10. Да помогне за подобрување на едукацијата и обуката на работниците и претприемачите во Културолошките и креативните сектори.


ВЕБ СТРАНИ НА ПРОЕКТОТ:

www.creart2-eu.org

www.europeandayofartisticcreativity.org 

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ:

www.facebook.com/CreArtRedCiudadesCreacionArtistica

www.facebook.com/CreArtNetworkCitiesArtisticCreation 

www.facebook.com/EuropeanDayArtisticCreativity 

https://twitter.com/Creart_es