Ele.C.Tra
                    Проекти на Град Скопје
                
                    
                Ele.C.Tra
            
            Проектот "Ele.C.Tra - Електричен градски превоз" со помош на пилот активности и подготовка на модел за промоција на електричен транспорт (споделување на електрични скутери во 3 големи градови во Европа - Џенова, Фиренца и Барселона) и преносливост на моделот во други 7 градови (меѓу кои и Град Скопје), овозможува да се подигне свеста на граѓаните и туристите за менување на навиките, намалување на загадувањето на воздухот и времето за патување, одржлива мобилност, како и можност да се развијат други иновативни транспортни средства (на пр. електричен автомобил и автобус).
Цели на проектот:
- 
Да се зголеми употребата на електрични скутери во урбани средини, преку споделување (sharing) или изнајмување на подолг на рок, и модернизација на урбаните возила на две тркала, моторцикли и скутери, со цел до 2020 година најмалку 10% од традиционалните мотоцикли да бидат заменети со електрични скутери;
- 
Да се подигне свеста на граѓаните и туристите за менување на навиките, промовирање на одржливи корисни активности со цел подигнување на свеста кај јавните тела и мобилноста кај засегнатите страни, со цел да се развијат други иновативни превозни средства;
- 
Да се дефинира и тестира иновативен модел со цел да се обезбедат решенија кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните и туристите во јавниот превоз, особено со употреба на скутери.
Во рамките на Проектот, Град Скопје е вклучен во следните Активности:
- 
Изработка на физибилити студија за можноста за воведување на електричен транспорт, електрични скутери во градот;
- 
Промоција на Моделот за електричен транспорт;
- 
Пренесување на знаењето од Проектот во други општини во Македонија
