ЕПИКУРО
(Европско партнерство за иновативни градови во поглед на урбаната еластичност и отпорност) од програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна акција. Во проектот, покрај Градот Скопје учествуваат уште четири европски градови и пет европски организации од седум различни држави (Италија, Кипар, Данска, Романија, Латвија и Велика Британија). Проектот започна во февруари 2017 година, а ќе трае до јануари 2019 година. Проектот има за цел:
• Да ги идентификува најдобрите европски и на меѓународни практики и технологии за подобрување на урбаната опторност и еластичност од природни непогоди.
• Обука на тимовите за цивилна заштита за зголемување на нивната специјализација и улога во поддршката на носителите на одлуки, релевантните институции и локалните заедници.
• Активно вклучување на креаторите на политики и на носителите на одлуки во развојот на локалните активности за пилот-тестирање заради подобрување на урбаната отпорност и еластичност.
• Информирање и обука на граѓаните за значењето на отпорноста и еластичноста и за начинот како тие можат да придонесат за поотпорен и поеластичен град.
Активностите предвидени во рамките на проектот треба да придонесат за формирање на стратегиски тим за урбана отпорност и еластичност и за создавање Предлог-Локален стратегиски план за прилагодување на Градот Скопје кон климатските промени и за подобрување на урбаната отпорност и еластичност.
Веб страница на проектот: