EPICURO NT

Проекти на Град Скопје
Проект EPICURO NT

Во насока на прилагодување на локалните заедници кон настанатите климатски промени и подготовка на соодветни сценарија за справување со очекуваните ефекти, Европа засилено работи на подобрување на способноста за одговор на последиците настанати од климатските промени.

Во проектот EPICURO (Европско партнерство на иновативни градови во поглед на урбаната еластичност и отпорност) од програмата „Европа за граѓаните-Мрежа на градови“, покрај Градот Скопје, учестуваат уште 10 други локални заедници. Во рамките на две годишната соработка (2016-2018) треба да се промовираат и да се развијат стратегии за урбана еластичност и отпорност, со активно вклучување на граѓаните кои директно ќе земат учество во проектните активности.

Следејќи го концептот и програмата од која е финасиран проектот, неговите активности подразбираат јавни конференции, технички состаноци, обуки и врежување на неколку релевантни категории (граѓани,  претставници од јавната администрација и службеници и експерти) заради согледување на најдобрите европски практики, креирање на заедничка развојна стратегија, стекнување и споделување на знаења и вклучување на граѓаните во процесот на креирање на стратегиите и политиките, на јасен и на партиципативен начин.

Целите на проектот ЕПИКУРО се:

- Да се ИНТЕНЗИВИРА свеста на граѓаните за адаптација кон климатските промени.

- Да се ПОТТИКНЕ дијалог и соработка помеѓу граѓаните и јавната администрација.

- Да се ЗГОЛЕМИ знаењето на локалните власти и на граѓанските организации за климатските промени и за еластичноста и отпорноста кон истите.

- Да се ПОДОБРИ капацитетот на граѓаните за активен придонес кон справувањето со природни непогоди и за влијанието на климатските промени.

Веб страница на проектот:

http://www.epicuronetwork.eu/project/

Финален извештај