EU.CA.NET

Проекти на Град Скопје
EU.CA.NET - European Agencies Network for citizenship, inclusion involvement and empowerment of communities through the urban transformation process

ЕВРОПСКА  ПРОГРАМА ЕВРОПА НА ГРАЃАНИТЕ  - 2.2. МРЕЖА НА ГРАДОВИ    

Времетраење на проектот:

1 февруари 2017 - 31 јануари 2019 

Лидер на проектот е Урбан Центар Метрополитано од Торино (Италија), а партнери   во проектот ЕУКАНЕТ се : Град Скопје  (Македонија), Урбан центар Болоња (Италија), Град Марсеј (Франција), Заедницата за развој на градот Клуж-Напоча, (Романија.

Проектот EUCANET е фокусиран  на одржливо активно граѓанство, зголемување на вклучувањето на граѓаните во процесот на донесување на одлуки. Поттикнат од Пактот на Амстердам што се однесува на  европопската урбана агенда,проектот ЕУКАНЕТ  е посветен на истражувањето за тоа  како урбаниот политички процес може да придонесе да се зајакнат врските помеѓу локалното и европското ниво, интеракцијата меѓу урбаните власти, локалните заедници, граѓанското опшетество, бизнис  заедниците и истражувачките институции.

Многу урбани власти во ЕУ ги поддржуваат организацииите кои во овој проект се дефинирани како градски агенции кои имаат улога на поврзување во рамките на просторните политики, инволвирајќи ги граѓаните, олеснувајќи им го нивното разбирање и учеството во урбаното планирање и процесот на донесувањето на одлуки. Целта на проектот е да се испита како градските агенции можат да бидат алатки за зголемување на вклученоста на граѓаните,локалните заедници,размена на теоретски, практични и оперативни знаења, со цел да се понуди еден Тематски партнерски предлог на Пактот на Амстердам кој ќе се однесува на зголемување на ефективноста и демократската имплементација на ЕУ урбаната агенда.

Главни активности:

Средбите во рамките на проектот ЕУКАНЕТ ќе бидат настани посветени на трансфер на корисно знаење, оперативни модели и методи, развој на иновативни активности во градовите- партнери во проектот. Секоја средба како активност ќе има своја тема, со цел максимално директно и индиректно вклучување на институционалните партнери и заинтересирани страни, донесувачите на одлуки,невладините организации, граѓаните од различни возрасни групи , образование и стил на живеење. Средбите ќе бидат организирани како тематски семинари, работилници, конференција.

EUCANET   

http://www.urbancenter.to.it/eucanet/

http://www.comune.torino.it/relint/progetti/programmi1420/elenco-attivit.shtml 

https://eucanet.wordpress.com/2019/03/18/2-years-of-eucanet-summary-of-the-implemented-activities/