MAtchUP

Проекти на Град Скопје
MAtchUP

MAtchUP е проект за „паметен град“ (Smart City), кој вклучува три водечки градови Валенсија (Шпанија), Дрезден (Германија) и Анталија (Турција) и четири градови-следбеници Остенд (Белгија), Герција (Израел), Скопје и Керава (Финска). MAtchUP градовите ќе ги здружат силите за да ги преструктурираат своите социјални, економски и еколошки модели и да промовираат социјална инклузија, подобри услови за живеење и просперитет за своите граѓани.

MAtchUP ќе дизајнира и имплементира палета на иновативни решенија од областа на енергетиката, мобилноста и ИКТ, кои ќе служат како модел на урбанистички трансформации за други градови во Европа и пошироко.

MAtchUP предвидува посветена акција за употреба на обновливи извори на енергија, зголемување на одржливата мобилност и инвестирање во технологијата. Целта е градовите да се стекнат со посветли решенија на располагање на нивните паметни заедници. Овие решенија ќе ги подобрат локалните економии и квалитетот на живот. Понатаму, ќе послужат како модел за репликација во други градови и ќе доведат до урбана трансформација со активно учество на граѓани и други заинтересирани страни.

Овој проект е финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020

Договор за грант бр. 774477