Стратешки соработки и компаративни унапредувања на големите урбани градови, метрополи - Мetro Case

 

ПРОЕКТ

„Стратешки соработки и компаративни унапредувања на големите урбани градови, метрополиМetro Case”

Проектот „Metro Case“ е финансиран од Интерег Програмата на Европска Унија и има за цел да ги подобри политиките и алатките за стратешко планирање на големите урбани градови, метрополи преку зајакнување на мулти-секторската координација и соработка на повеќе нивоа помеѓу главните градови и нивните околни области.

Развојот на заедничка визија за управување со големите урбани градови, метрополите, идентификувањето на соодветни форми и теми на соработка и подобрувањето на постојните алатки и политики за стратешко планирање се од суштинско значење за справување со предизвиците и за промовирање на сеопфатни, интегрирани стратегии за територијален развој во насока на задоволување на потребите на граѓаните и заедниците. Ова ќе го поддржи програмирањето на активностите и насочувањето на финансирањата кон иницијативи кои служат на холистички пристап и развој на големите урбани области.

Проектот „Metro Case“ го нагласува хоризонталниот пристап на учество на граѓаните во креирање на интегрирани стратегии за промовирање на иновативен и одржлив урбан развој со посебен фокус на подобрување на еколошката, економската и социјалната одржливост.

Град Скопје е партнер во конзорциум на Проектот „Metro Case“ кој во рамките на проектните активности ќе направи усогласување на Локалниот еколошки акционен план за животна средина - ЛЕАП со стандардите на  меѓународните стратешки документи. ЛЕАП претставува највисок локален стратешки документ за заштита, планирање и управување со животната средина. Преку ревидирањето на ЛЕАП 3 (2020 – 2026 година), ќе се обезбеди координиран пристап и соработка меѓу главниот град и околните области и ќе овозможи Град Скопје поефикасно да се справи со клучните еколошки предизвици и да постигне значителни влијанија на пошироката територија. Градот Скопјe ќе црпи сознанија, добри практики и усвоени докажани механизми од други партнери во проектот за воспоставување координативно тело при креирање на ЛЕАП 4. Усогласеноста на креирање на ЛЕАП 4 со Територијалната агенда 2030 и Новата повелба од Лајпциг, дополнително ја нагласува посветеноста на Град Скопје за промовирање на одржлив, сеопфатен урбан развој.

Проектот вклучува 9 партнери од 8 европски земји, меѓу кои се и управувачките институции на големите урбани градови, универзитети, локални администрации и меѓународни мрежи:

  • Град Џенова (водечки партнер) – Италија
  • Политехнички универзитет во Торино – Италија
  • Град Варшава – Полска
  • Урбана област Барселона – Шпанија
  • Град Скопје – Северна Македонија
  • Општина Тирана – Албанија
  • Урбана област Букурешт – Романија
  • Асоцијација на локални власти од регионот Гетеборг – Шведска
  • METREX – Мрежа на европски метрополски региони и области – Белгија

Поврзани политички институции:

  • Регион Лигурија – Италија
  • Град Торино – Италија
  • Асоцијација на метрополата Варшава – Полска
  • Министерство за развој, јавни работи и администрација – Романија

Вкупен буџет на проектот  изнесува 1.855.978,00 евра.

Буџет на град Скопје во рамки на Проектот “Metro Case” изнесува 150.000,00 евра.

Времетраење на проектот: 01.05.2025-31.07.2029

 

Повеќе информации за проектот:
👉 https://www.interregeurope.eu/metro-case