NICHES+

Проекти на Град Скопје
NICHES+

NICHES+ е проект на Европската Унија финансиран од Седмата рамковна програма на Европската Комисија. Во него учествуваат 6 (шест) градови и тоа: Trondheim (Норвешка), Artois-Gohelle (Франција), Cork (Ирска), Worcestershire (Велика Британија), Daventry (Велика Британија) и Burgos (Шпанија).

Мисијата на NICHES+ проектот е пред се промоција на иновативни мерки за поефикасен и одржлив урбан транспорт во градовите.

Во рамки на активностите предвидени со проектот , Градот Скопје ќе земе активно учестви во работните групи за дефинирање на развојното сценарио за интегрирање на еден или повеќе NICHE+ иновативни концепти, во локалната транспортна политика на учесниците во NICHES+ конзорциумот, и во соработка со POLIS и EUROCITIES, ќе организира регионална конференција во Скопје, со цел презентирање и промоција на проектните резултати и мерките реализирани на локално ниво, којшто треба да се одржи во периодот помеѓу декември 2009 и јануари 2011 година.

Во рамки на проектот Скопје ќе ги разработува концептите за “Иновативна велосипедска опрема за интермодалност во транспортот“ и “ Дефинирање на интермодалност во транспортот по мерка на патниците“.