PAMLED

Проекти на Град Скопје
PAMLED

Проект финансиран од европската програма медитеранско партнерство со цел градење ефективни партнерства на европските и медитеранските општини во промовирање на локалниот економски развој. Времетраење на проектот е октомври 2006 – октомври 2009 година и негово пролонгирање до јуни 2010.
 
Цел на проектот е зацврстување на можностите на 3 медитерански и 5 европски општини (вклучувајки ја и Југоисточна Европа) во менаџирање на локалниот развој како и во имплементација на иновативни иницијативи за економска промоција во две полиња на активност и тоа: Планирање и менаџмент во градовите и Маркетинг на градовите. Особен акцент е ставен на можноста за градење на партнерства град – град.
 
Проектен лидер / координатор е општината Прато во Италија, ко-лидер е општината Маракеш во Мароко а останати партнери се : општините Син Ел Фил ( Либан), Бодрум (Турција), Бртонигла ( Хрватска), Рио Марина и Лука (Италија) и Скопје (Македонија). Техничка помош се остварува со UKODEP асоцијацијата од Италија.
 
Како резултат од проектот, во кој активно работат вработени во локалната самоуправа, се имплементира избор од експериментални пилот активности.