RENAISSANCE
RENAISSANCE е проект на Европската Унија, финансиран од седмата рамковна програма на генералната дирекција за истражување на Европската Комисија . Проектот има за цел да развие валидни, соодветни и интегрирани пакети на мерки за достап и мобилност на граѓаните.
RENAISSANCE треба да обезбеди тестирање на иновативни стратегии за чист урбан транспорт за историските градови во Европа.
Партнери во проектот се: Перуѓа од Италија, Бат од Велика Британија и Шчечинек од Полска како градови водачи и Горна Ораховица од Бугарија и Скопје како градови кои учат. Во проектот активно се вклучени Градот Скопје, техничкиот факултет од Битола и Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје.
Во рамки на проектот, градот Скопје ќе развива 4 мерки и тоа: 1) Изготвување на План за одржлив транспорт, 2) Проектирање и изградба на центар за управување и контрола на сообраќајот, 3) Трансформирање на 12 автобуси на ЈСП- Скопје од дизел на гас и 4) Воведување на AVL и информативни дисплеи за иформирање на граѓаните на повеке автобуски станици.