ROCK

Проекти на Град Скопје
ROCK

Проектот ROCK се фокусира на историските центри во градовите кој ќе ги користи како “теренски лаборатории” на културното наследство и да покаже како тоа може да биде уникатен и моќен двигател на возобновување, одржлив развој и економски раст за целиот град.


ВИЗИЈА
Визијата на проектот ROCK e тој да помогне во трансформацијата на историските центри на градовите погодени од физичко распаѓање, социјални конфликти и лош квалитет на животот, во креативни и одржливи области преку заедничко генерирање на нови одржливи еколошки, социјални и економски процеси.


ЦЕЛ
ROCK има за цел да развие иновативен, колаборативен и системски пристап за промовирање на ефективна регенерација и адаптивна повторна употреба на историските центри на градот, преку спроведување на репертоар на успешни иницијативи за регенерација на културното наследство кои за пример ќе го земат искуството на 7 избрани градови: Атина, Клуж - Напока, Ајндховен, Ливерпул, Лион, Торино и Вилнус.
Репликацијата и ефективноста на пристапот на соодветните модели во решавањето на специфичните потреби на историските центри и културното наследство ќе бидат тестирани во 3 репликатор градови: Болоња, Лисабон и Скопје.


https://rockproject.eu/


Овој проект е финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020
Договор за грант бр. 730280