Social Car

Проекти на Град Скопје
Social Car - Проект на Град Скопје

SocialCar е истражувачки и иновациски проект кој има за цел да го вклучи системот за  споделување возила (carpooling) во постоечките системи за јавен превоз со помош на моќни софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, заедничките патувања и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи (crowdsourcing).

Проектот, на едно место, ги  обединува ITS инженерите, експертите од општествените и економските науки, сообраќајните инженери, луѓето кои заеднички патуваат и властите од Италија, Грција, Велика Британија, Луксембург, Полска, Швајцарија, Македонија, Хрватска, Словенија, Холандија, Унгарија, Шпанија и Белгија.  Нивната цел е да се осмисли, развие, тестира и да се примени сервис, кој на граѓаните од урбаните и приградските средини, ќе им го поедностави патувањето.

Со проектот SocialCar ќе се утврди текот на обработката на податоци и ќе се осмисли софтвер кој ќе ги интегрира барањата за патување со понудата на јавно-приватниот превоз. Освен тоа,  партнерството ќе ја дизајнира архитектонската и логичката рамка на услугата преку користење софтвер со GNU Општата јавна лиценца. Со сите интегрирани софтверски модули,  SocialCar ќе биде тестиран во 10 европски градови.

Целта на SocialCar е да ја промени досегашната практиката за користење на автомобилот во кој се вози само возачот, да го намали времето на патување и да ја подобри животната средина

Општи цели на проектот се :

• Да придонесе кон целите на EU 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со намалувањето на сообраќајниот метеж. 

• надминување на тековните практики заедничките патувања да се одвиваат претежно за патувања надвор од урбаните средини 

• употреба на зелена системи за навигациска поддршка во возење, преку активно управување врз основа на европските ГНСС (The European Global Navigation Satellite Systems Agency)

• идентификување и изготвување на соодветна архитектура за управување и интегрирање на податоци од урбаната мобилност.

 

Иновации за паметни градови: www.socialcar-project.eu

Проектот SocialCar е финансиран од Програмата за истражување и иновација на Европската Комисија – Хоризонт 2020, во рамките на договорот за грант бр. 636427.