SWEB

Проекти на Град Скопје
SWEB

Град Скопје е партнер во ЕУ проект SWEB Безбедносни, меѓународни м-услуги што придонесуваат за создавање доверлива Европска соработка со земјите од Западен Балкан. Овој Европски развојно - истражувачки проект е осмислен и наменет да обезбеди информатичко - комуникациска технолошка платформа која ќе обезбедува ефикасна и безбедна размена на прекугранични мобилни владини услуги низ цела Европа.

Проектот изврши тестирање и оценка на ефектите од нивна примена во седум градови во државите на Западен Балкан (Србија, Албанија, Македонија) и ЕУ: Италија и Грција и се реализираше во периодот зима 2007 – пролет 2009.

Проектот разви безбедна мобилна технологија и платформа за безбедна комуникација граѓанин - општина преку мобилни телефони, искористувајќи го фактот дека користењето на мобилни телефони во државите од Западниот Балкан е во голем подем, а мобилните сервиси се покажаа како многу популарни во нашиот регион (пример плаќање на паркинг преку мобилен телефон).

SWEB  како програм кој припаѓа на  m-government  системот и претставува приказ на едноставни сервиси, покажа дека е можен сигурен пренос на податоци преку безжична мобилна комуникација. Со идната примена на вакви сервиси јавната администрација ќе ја подобри ефикасноста, намали оперативните трошоци, скрати времето, зголеми квалитетот на сервисот и подобри репутацијата.

Град Скопје учествуваше во дефинирање на мобилните сервиси од SWEB проект, успешно ја инсталираше SWEB серверската платформата и програмот на мобилните уреди за тестирање, изврши тест на оперативноста, а потоа и проба и оценка на функционалноста на мобилните сервиси од групата корисници: технички лица, градски службеници за поддршка на проектот и крајни корисници (граѓани и правни лица). SWEBплатформата се демонстрира преку 2 вида услуги:

  • Услуга поврзана со документи за престој како посебен пример за услуга за безбедна размена на општински документи, преку која јавните организации и граѓаните ќе можат безбедно да комуницираат е/м (електронски/мобилно)во врска со општинските документи и
  • Електронско/мобилно фактурирање што има критична улога во сите фази на работење со ДДВ процедурите за Земјите членки на Европската Унија. Преку електронско/мобилно фактурирање, даночните управи ќе бидат во можност да воведат нови алатки и процедури за извршување на алтернативни контроли.