Партнерство и вклученост во транзицијата кон транспорт со нулта емисија на гасови“ - TERRAIN

Име на проект: Партнерство и вклученост во транзицијата кон транспорт со нулта емисија на гасови“ - TERRAIN

TERRAIN: “Twinning and Engagement in net-zero tRanport tRAnsItioN“

Име на корисникот: Град Скопје

Висина на ЕУ поддршка: 83.844,00 евра (85%)

Град Скопје: 14.796,00 евра (15%)

Времетраење на проектот: 36 месеци (1/9/2024 – 31/8/2027)

Опис на проектот:

Проектот TERRAIN, финансиран од Програмата Interreg IPA Adrion 2021-2027, го поддржува економскиот развој и соработката помеѓу земјите на Јадранско-Јонскиот макрорегион. Со Центарот за истражување и технологија Хелас (CERTH/HIT) како координатор и ментор, 9 градови од регионот учествуваат во тригодишна соработка за размена на искуства и знаење, со цел премин кон одржлива паметна урбана мобилност. Проектот вклучува 4 градови од ЕРДФ земјите (Јанина - Грција, Болоња - Италија, Љубљана - Словенија, Загреб - Хрватска) и 5 од најголемите градови од IPA земјите на програмата (Сараево - Босна и Херцеговина, Беране - Црна Гора, Панчево - Србија, Скопје - Северна Македонија, Драч - Албанија). Во рамките на проектот ќе се создадат живи лаборатории за заедничко креирање на решенија за одржлива мобилност, во кои градовите од ЕРДФ ќе ја имаат улогата на ментори за градовите од IPA земјите. Тие ќе вршат инспекции на терен, ќе предлагаат мерки и интервенции за премин кон транспорт без емисија на јаглерод.

Целта на проектот е да промовира решенија за одржлива мобилност, да ги намали сообраќајните гужви и загадувањето на воздухот, и да спроведе пилот акции за климатски неутрален транспорт. Создавањето на живи лаборатории ќе овозможи тестирање и адаптирање на иновации, додека формирањето на центарот „TERRAIN“ ќе служи како платформа за размена на знаење и најдобри практики во областите на одржлива мобилност во регионот.

Линкови:

https://www.facebook.com/profile.php?id=61565921976417

https://www.linkedin.com/company/terrain-ipa-adrion/about/?viewAsMember=true