TRANSPOWER

Проекти на Град Скопје
TRANSPOWER

Проектот TRANSPOWER е проект за воведување на нови концепти за одржлив урбан транспорт, подржан од ЕУ, Шеста рамковна програма. Овој проект спаѓа во проекти со кој се прави истражување и развој на концепти кои ќе придонесат во утврдување и имплментација на нови методи и концепти во областа на урбаниот транспорт.

Во проектот учествуваат 17 партнери, истражувачки институции и општини, од Германија, Австрија, Италија, Грција, Србија и Македонија.Проектот започна во јуни 2006 и заврши во ноември 2009 година.

Во рамки на проектот, Градот Скопје се вклучи со анализа на добрите практики и состојбите во областите на јавниот превоз, имплементација на мастер планот за велосипеди и анализа на можности за имплементација на систем за управување со сообраќајот во Скопје.

За време на траењето на проектот, искористени се искуствата од европските партнери особено на полето на имплементација на систем за управување со сообраќајот во Скопје.