““Подобрување на здравјето, благосостојбата и еднаквоста преку утврдени урбанистички политики за справување со енергетската сиромаштија“ - WELLBASED

Име на проект: ““Подобрување на здравјето, благосостојбата и еднаквоста преку утврдени урбанистички политики за справување со енергетската сиромаштија“ - WELLBASED

 (WELLBASED: “Improving health, wellbeing and equality by evidenced-based urban policies for tackling energy poverty”)

Име на корисникот: Град Скопје

Висина ЕУ поддршка: 38.437,50 евра

Времетраење на проектот: 48 месеци

Опис на проектот:

Целта на проектот е да се креираат, имплементираат и оценат шест урбани програми за намалување на енергетската сиромаштија и нејзиното влијание врз здравјето и благосостојбата на граѓаните. Во проектот учествуваат 20 партнери од 10 земји. Координатор на проектот е Фондацијата Лас Навес (Fundacion Las Naves), Шпанија. Пилот партнери се градовите Валенсија - Шпанија, Херлем - Холандија, Лидс - Велика Британија, Едрене - Турција , Обуда – Унгарија и Јелгава – Латвија. Град Скопје во рамки на проектот по примерот на градовите пилоти ќе креира програма и ќе има можност да биде дел од процесот за размена на искуства.

www.wellbased.eu