Граѓаните прашуваат
Поставени прашања
- Градот Скопје е надлежен за самите постапки за добивање Одобрение за поставување урбана опрема. Дали субјектите се придржуваат до добиеното одобрение за димензиите и изгледот на поставената опрема, како и контролата за тоа дали воопшто поседуваат одобрение, надлежни се соодветните општински инспекции.
- Градот Скопје е надлежен за издавање решенија за сечење и кастрење дрвја, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина, а сечењето и кастрењето го вршат стручните екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.
Повеќе информации за самата постапка може да добиете во Секторот за комунални работи на Град Скопје на телефонскиот број +389 2 3297 392 или по пат на електронска пошта на адресата Marija.Stojanovska@skopje.gov.mk
- За проблеми со уличните кучиња треба да се обратите во ЈП „Лајка“, која е надлежна за оваа проблематика.
За повеќе информации може да се обратите на телефонскиот број +389 2 257 5765 или со електронска пошта на адресата info@lajka.com.mk
- Сите заинтересирани граѓани можат да вдомат бездомно куче од Стационарот „Лајка“, од вторник до сабота, во терминот од 9 до 13 часот.
Притоа, кучињата од најразлични раси и големини што се определени за вдомување на граѓаните им се отстапуваат третирани, стерилизирани, вакцинирани и без никаков паричен надоместок. Секој граѓанин што вдомува куче, мора да пополни формулар со своите податоци и да се обврзе дека ќе биде одговорен сопственик, почитувајќи ги постојните закони.
За повеќе информации може да се обратите на телефонскиот број +389 2 257 5765 или со електронска пошта на адресата vdomi@lajka.com.mk
- Поплаки за нередовно подигнување смет може да доставите до Градот Скопје, до Секторот за комунални работи на телефонските броеви +389 2 3297 283 и +389 2 3297 392.
Може да се јавите и во јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на дежурниот телефон +389 2 3216 644, од 8 до 20 часот.
- Системот за јавен превоз во Скопје е комбиниран и истиот го спроведуваат Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и повеќе приватни компании. Сите тие имаат унифициран систем за наплата на билетите, како и официјално донесен возен ред до кој мора да се придржуваат.
Доколку автобусите не се придржуваат до официјалниот возен ред граѓаните можат да пријават во Град Скопје, во Центарот за информации и упатување на граѓаните, на бројот +389 2 3297 255 и во ЈСП во Оперативниот контролен центар на бројот +389 2 3173 264.