Секретар на Град Скопје
Структура
Надлежности
Согласно измените и дополнувањата на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачитe на администрацијата на Град Скопје, Секретарот на Град Скопје ги има следните надлежности:
- Ги следи законските и подзаконските прописи и другите општи акти од областа на работењето на Град Скопје и одговорен е за спроведување на законските одредби предвидени во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор;
- Раководи со административните службеници, дава упатства на раководните и другите вработени во институцијата, особено во контекст на управувањето со човечките ресурси, како и решава за правата, обврските и одговорностите на административните службениципредвидени со Законот за административни службеници;
- Предлага концепти на одлуки и други прописи за уредување на односи, состојби и прашања, иницира решавање на одредени проблеми и одговара навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите во администрацијата на Град Скопје,
- Врши следење и оценување на работењето на раководните службеници на кои им е претпоставен;
- Ги води седниците на стручниот колегиум на Град Скопје, дава извештај за реализацијата на програмата за работа на администрацијата на Град Скопје и дава задолженија на раководителите на секторите;
- Одговорен е за законско, навремено, ефикасно и квалитетно подготвување и извршување на планот за работа на администрацијата на Град Скопје и ефикасното и ефективното организирање и реализација на работите од надлежност на секторите;
- Организира и остварува соработка со други органи при вршењето на работите во Град Скопје;
- Ја следи работата на јавните установи и јавните претпријатија основани од Град Скопје;
- Учествува во работата на Советот на Град Скопје