Сектор за финансиски прашања
Секторот за финансиски прашања ги врши работите поврзани со подготвувањето и извршувањето на буџетот на Град Скопје, управување следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средства во Град Скопје, водењето на сметководството на Градот Скопје врши работи од областа на финансиското управување и контрола (планирање, извршување, мониторинг, и известување), врши други работи врз основа на Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје, Закон за јавна внатрешна финансиска контрола и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи за Градот Скопје и општините во Градот Скопје, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финансиското работење.
Одделение за буџетска координација:
- изготвува буџетскиот календар;
- го координира процесот на изготвување на буџетот, врз основа на добиени предлози од секторите и буџетските корисници на Град Скопје;
- ги координира добиените предлози од секторите за предлог-планот на програми за развој за повеќегодишните проекти на Град Скопје;
- го координира процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот;
- изготвува предлози за прераспределба на средства во буџетот на Град Скопје;
- ја применува законската регулатива од областа буџетското работење;
- дава мислење на предлог акти што ги изготвуваат другите сектори во градот Скопје, кои имаат или можат да имаат финансиски импликации на буџетот;
- врши подготвување и одобрување права за трошење со кои се врши распределба на буџетот помеѓу корисниците на буџетот на Градот Скопје;
- го координира процесот на развој, воспоставување и спроведување на финансиското управување и контрола;
- дава предлози за воспоставување/укинување на ex-ante финансиска контрола;
- изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола;
- подготвува извештај на активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
- врше самопроценка на одделни процеси на системот на финансиското управување и контрола.
Одделение за буџетска контрола:
- врши контрола на извршување на буџетот;
- врши контрола на извршување на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
- врши контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврски, како и следење и контрола на преземените обврски од страна на секторите и буџетските корисници;
- ја следи реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведува ex – ante и ex- post финансиска контрола;
- во законски утврдениот рок ги подготвува кварталните извештаи со образложение за извршување на буџетот на Град Скопје,
- ја изготвува предлог на годишна сметка на Буџетот на Град Скопје;
- го подготвува годишниот извештај;
- го подготвува Годишниот финансиски извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- изготвува информации и анализи;
- води буџетско сметководство согласно со Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
- врши планирање и управување со ликвидноста;
- управува со долгот на Град Скопје;
- ја следи и применува законската регулатива од областа буџетското и финасиското работење и на финансиското управување и контрола.
- Одделение за сметководство и плаќања:
- води сметководствената евиденција согласно закон и обезбедува точност и компллетност на сметководствената евиденција;
- врши ex-ante сметководствена контрола на целокупната финансиска документација пред да се изврши плаќање согласно пишани процедури за сметководствените процеси;
- врши навремено и точно евидентирање на обврски кон деловните субјекти
- навремено изготвување на налози за плаќање и достава до трезорска канцеларија за нивно извршување,
- изготвува излезни фактури, евидентирање и наплата на побарувањата;
- благајничко работење - подигање, прием и исплата на средства (денарски и девизни), водење на евиденција по сите основи за исплата од благајна и водење евиденција за дадени и вратени аванси по вработени и надворешни лица,
- води евиденција и врши пресметка и исплата на плати, задршки од плати и други надоместоци за вработените во администрацијата на Град Скопје, избраните и именуваните лица во органите на Градот Скопје;
- врши сметководствено евидентирање на основните средства,
- вршие пресметување на амортизација и ревалоризација
- врши усогласување на книговодствената состојба на средствата и изворите на средствата со вистинската состојба,
- врши следење на донациите, соработка со надлежните сектори за обезбедување на потребна документација и известување до УЈП согласно законските прописи
- подготвува годишна сметка,биланс на состојба, биланс на приходи и расходи, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки /образложение кон финансиските извештаи;
- заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојбата;
- изготвува извештаи за работењето,
- ја следи применува законската регулатива.
Помошник раководител на секторот: Јулијана Тасиќ
Телефон: 02/3297-355
e-mail: julijanat@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за буџетска координација - Анета Ристовска
тел.02/3297-542
e-mail: Aneta.Kmetovska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за а сметководство и плаќање: Александра Саравинов
e-mail: Aleksandra.Saravinov@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Работно време: 8:30 - 16:30 часот