Сектор за финансиски прашања

Согласно донесената Одлука за внатрешна организацијата на Град Скопје, Секторот за Финансиски прашања е организиран во неколку одделенија и ги има следните надлежности:
Структура
Одделение за буџетска координација
Одделение за буџетска контрола
Одделение за сметководство и плаќања
Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок
Одделение за утврдување и наплата на данок на имот
Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци
Одделение за присилна наплата
Надлежности

Согласно измените и дополнувањата на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачитe на администрацијата на Град Скопје, Секторот за финансиски прашања ги врши следните наклежности:

  1. работите поврзани со подготвувањето и извршувањето на буџетот на Град Скопје:
  2. управување следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средства во Град Скопје:
  3. водењето на сметководството на Градот Скопје:
  4. врши работи од областа на финансиското управување и контрола ( планирање,извршување,мониторинг, и известување):
  5. утврдување и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на Градот Скопје:
  6. ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи врз основа на Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје, Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи за Градот Скопје и општините во Градот Скопје, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финансиското работење.
Контакт

Раководител на сектор: Крсте Андоновски

Телефон: +389 2 3297 208

email: kandonovski@skopje.gov.mk

Работно време: 08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Андријана Манчевска

Телефон: +389 2 3297 543

email: andrijanam@skopje.gov.mk

Работно време: 08.30-16.30 часот