Сектор за информатички технологии и модернизација

Структура
Одделение за развој на информациониот систем на Град Скопје
Одделение за географски информационен систем (ГИС)
Одделение за информатичко-комуникациската инфраструктура
Надлежности

Секторот за информатички технологии и модернизација ги врши работите поврзани со стратегијата, развојот, унапредувањето, безбедноста и одржувањето на информациониот систем, Географскиот информационен систем (ГИС) и информатичко-комуникациската инфраструктура на Град Скопје, го координира развојот и унапредувањето на системот за управување со квалитет на Град Скопје, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје и врши други работи што ќе му бидат доверени.

 

- Одделение за развој на информациониот систем на Град Скопје:

 

  • предлага и реализира стратегија за развој и унапредување на информациониот систем на Град Скопје;
  • предлага и реализира стратегија за безбедност на информациониот систем на Град Скопје;
  • врши планирање, проектирање и развој на информациониот систем на Град Скопје;
  • планира, развива и одржува информатички проекти и е-сервиси;
  • врши координација на планирањето и развојот на информатичко-комуникациската инфраструктура на Град Скопје;
  • учествува во планирањето, управувањето и реализацијата на меѓународни проекти од областите на информатичкото општество и е-управа;
  • во соработка со Одделението за управување со човечки ресурси, планира, организира и реализира обука за вработените во администрацијата на Град Скопје за примена на информатичко-комуникациската технологија;
  • обезбедува административна и техничка поддршка и одржување на порталот и веб страниците на Град Скопје;
  • ги следи меѓународните искуства на полето на примената на новите технологии и модернизацијата на локалната самоуправа;
  • обезбедува корисничка поддршка за сите корисници на информациониот систем на Град Скопје.

 

-  Одделение за географски информационен систем (ГИС):

 

  • предлага и реализира стратегија за развој и унапредување на ГИС на Град Скопје;
  • врши планирање, проектирање и развој на ГИС на Град Скопје;
  • изготвува и воведува приоритетни ГИС потсистеми;
  • планира, развива и одржува ГИС проекти и е-сервиси;
  • го организира и поддржува обезбедувањето и одржувањето на информациската основа (геодетска и адресна подлога) на ГИС на Град Скопје;
  • обезбедува поддршка во дигитализација и геореференцирање на просторни податоци од интерес за Град Скопје;
  • врши координација и размена на просторни податоци со други надлежни органи и институции од интерес на ГИС на Град Скопје и учествува во Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП);
  • дефинира и воведува стандарди од интерес на ГИС на Град Скопје;
  • во соработка со Одделението за управување со човечки ресурси, организира и реализира обука за техничката и програмската платформа на која е развиен ГИС на Град Скопје и обука за користење на ГИС на Град Скопје;
  • учествува во планирањето, управувањето и реализацијата на меѓународни проекти во областа на географските информациони системи;
  • обезбедува корисничка поддршка за сите корисници на ГИС на Град Скопје.

 

- Одделение за информатичко-комуникациската инфраструктура:

 

  • предлага и реализира стратегија за развој и унапредување информатичко - комуникациската инфраструктура на Град Скопје;
  • врши планирање, проектирање и развој на информатичко-комуникациската инфраструктура на Град Скопје;
  • врши организирање, имплементирање и одржување на информатичко-комуникациската инфраструктура на Град Скопје;
  • врши системско администрирање на информатичко-комуникациската инфраструктура на Град Скопје;
  • обезбедува оптимален режим на работа на информатичко-комуникациската инфраструктура на Град Скопје;
  • обезбедува сигурност и заштита на податоците, информациите и документите во информациониот систем на Град Скопје;
  • го дефинира и обезбедува овластеното користење на информациониот систем на Град Скопје;
  • води база на податоци за информатичко-комуникациската опрема, лиценци, гаранции и сервисирање;
  • обезбедува корисничка поддршка за сите корисници на информатичко- комуникациската инфраструктура на Град Скопје.
Контакт

Раководител на Секторот за информатички технологии и модернизација: Филип Силјановски

Телефон: +389 2 3297343

e-mail: Filip.Siljanovski@skopje.gov.mk

Работно време: 08:30 – 16:30 часот

 

Помошник Раководител на Секторот за информатички технологии и модернизација: Лазо Петрушевски

Tелефон: +389 2 3297-397                                 

e-маil: lpetrusevski@skopje.gov.mk      

Работно време: 08.30-16.30 часот  

 

Раководител на одделение за географски информационен систем (ГИС): Михаел Водеб

Телефон: 02/3297-356

e-mail: Mihael.Vodeb@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот