Сектор јавни дејности
Секторот за јавни дејности врши работи поврзани со обезбедувањето услови за развој на квалитетен спорт во градот Скопје, организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за градот Скопје, изградба и одржување на спортски објекти од значење на градот Скопје, институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности, организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво, одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје со спомен обележја, остварувањето на социјална грижа за категории лица определени со закон, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи домови за стари слица и детски одморалишта, преземањето мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, здравствен надзор над животната средина и над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје.
- Одделение за култура:
- подготвува програма за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје;
- подготвува програма за организирање на манифестации од областа на културата од интерес на Град Скопје, предлага активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
- Изведбени уметности
- Музички уметности
- Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
- Издавачка и библиотечна дејност
- Музејска дејност и промоција на културното наследство
- Меѓународна соработка
- поднесува предлог-проекти за учество на меѓународни јавни повици од областа на културата, организира и реализира меѓународни проекти во надлежност на Градот Скопје;
- Предлага и подготвува програма за одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје;
- ја подготвува одлуката за подигање, чување и заштита на спомен обележја и другите прописи од надлежност на Град Скопје;
- иницира и ја спроведува постапката за основање на установи од областа на културата;
- Одделение за социјална, детска и здравствена заштита:
- предлага програми за основање, управување, финансирање и одржување на установи за институционална и вонинституционална социјална заштита;
- предлага преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- предлага мерки и активности за здравствено воспитување;
- предлага мерки за унапредување на здравјето и превентивни активности;
- предлага мерки за вршење надзор над заразните болести;
- предлага мерки за помош на пациенти со специјални потреби;
- остварување на социјална грижа за лица со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, стари лица, деца од еднородителски семејства, деца на улица, лица изложени на социјален ризик, лица засегнати од злоупотреба на дрога и алкохол и други ранливи категории граѓани;
- унапредување на здравјето на населението, промовирање на здрави стилови на живеење, подигнување на јавната свест и здравствената култура со цел намалување на опасностите и здравствените проблеми кај граѓаните;
- промоција и унапредување на правата на пациентите како и обезбедување стручна и техничка помош во работата на Комисијата и Канцеларијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје,
- поддршка на здравствени сервиси и услуги;
- изготвување стратегии, програми, проекти и правилници од областа на социјална, детска и здравствена заштита како и преземање на мерки и активности за унапредување на социјалната, детска и здравствена заштита во градот Скопје;
- предлагање иницијативи за преземање активности за подобрување на состојбата со еднаквите можности и недискриминацијата
- Одделение за спорт и млади:
- подготвува програма за организирање на спортски приредби и манифестации, поддржување на системот на натпревари на ниво на градот Скопје во определени спортови и категории, поддржување на традиционалните спортски натпревари и манифестации од национален и меѓународен карактер, поддржување на училишниот и студентскиот систем на натпревари со посебен акцент на средноучилишниот спорт во Скопје, системот на манифестации и форми на натпревари и спортски активности кај лица со посебни потреби, како и масовните спортско-рекреативни активности на граѓаните;
- подготвува програма за развој на масовниот спорт и рекреативните активности на граѓаните, опфатени во програмите на спортските и спортско-рекреативните клубови, во реализација на училишниот и студентски спортски систем со посебен акцент на средноучилишниот спортски систем, спортот за сите и особено спортско-рекреативни активности на лица со посебни потреби;
- подготвува програма за одржување и изградба на објекти за спорт, одржување, користење и опремување, планирање и изградба на современи отворени и затворени спортски објекти;
- го подготвува предлогот за утврдување на мрежата на спортските објекти и нивно класифицирање;
- го подготвува предлогот за определување рекреативни зони за масовно спортување;
- го подготвува предлогот на прописот за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Градот Скопје;
- извршува анализа и дава насоки по однос на прашањата од областа на младинската политика во градот Скопје;
- учествува во извршувањето на анализи и стручно-оперативни работи при разгледување на прашања поврзани со проекти и манифестации од областа на младите во градот Скопје;
- дава иницијативи и ги разгледува прашањата поврзани со организација на едукативно-образовни програми на младите.
Контакт:
Раководител на сектор: Татјана Балаќ Сарчевски
Телефон: 02/3297-213
e-mail: tatjanabalac@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор за јавни дејности - Марија Арнаудоска
Телефон: 02/3297-213
email - Marija.Arnaudoska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор за јавни дејности - Ведат Алија
Телефон: 02/3297-213
email - Vedat.Alija@skopje.gov.mk
Раководител на одделение за социјална, детска и здравствена заштита - Весна Дамчевска - Илиевска
Телефон:
email - Vesna.Damchevska.Ilievska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за спорт и млади: Зоран Шишковски
Телефон: 02/3297-320
e-mail: zorans@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот