Сектор за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани

Структура
Одделение за меѓународна соработка
Одделение за соработка и поддршка на здруженија и фондации
Одделение за европска интеграција
Надлежности

Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија и фондации Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија и фондации врши работи поврзани со иницирање, координација и реализација на соработката на Градот Скопје со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, со здруженијата и фондациите на подрачјето на градот Скопје, предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата и фондациите, обезбедува информации на Град Скопје за европските политики, предлага, презема и координира активности во врска со реализација на европски и други меѓународни проекти , ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје.

 

- Одделение за меѓународна соработка:

 

  • во координација со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје ги реализира проектите од областа на соработката со збратимените градови на Градот Скопје;
  • подготвува среднорочна програма за соработка со збратимените градови на Градот Скопје;
  • врз основа на предлозите и иницијативите од другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје, поднесува предлог-проекти за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти, во областите од надлежност на Градот Скопје;
  • ја координира работата на проектните тимови за реализација на проектите кои се финансираат од странски и меѓународни донатори и организации и учествува во подготовката на извештаите, евалуациите и друга документација која се поднесува до странските/меѓународни донатори и организации;
  • во координација со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје, иницира, координира и учествува во реализацијата на проектите кои се финансираат со кредити/заеми од странски или меѓународни финансиски организации.

 

- Одделение за соработка и поддршка на здруженија и фондации:

 

  • ги следи активностите на здруженијата и фондациите на подрачјето на градот Скопје;
  • ја иницира и координира соработката со здруженијата и фондациите во областите од надлежност на Градот Скопје;
  • предлага мерки и активности за поддршка на активностите на здруженијата и фондациите;
  • го обезбедува учеството на здруженијата и фондациите во постапките на подготвување и предлагање на прописи и стратешки и развојни документи од надлежност на Градот Скопје;
  • организира Форум на невладини организации каде здруженијата и фондациите ги презентираат своите предлози за соработка со Градот Скопје, ставовите и коментарите во однос на активностите на Градот Скопје и предлози за нивно подобрување и искуството од соработката со Градот Скопје.

 

- Одделение за европска интеграција:

 

  • ги следи активностите поврзани со европските процеси;
  • обезбедува информации на Град Скопје за европските политики ;
  • предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на администрација на Градот Скопје согласно со европското законодавство;
  • по потреба учествува и организира тркалезни маси и конференции поврзани со евроинтегративните процеси;
  • координира и се грижи за реализација на активниости поврзани со европските проeкти во кои е вклучен град Скопје, преку лесен пристап на информации за европските програми, проекти и иницијативи за заедништвото.

 

Контакт

Раководител на Сектор: Оливера Јакшиќ - Транталовска

Телефон: /                             

е-мail: Olivera.JaksicTrantalovska@skopje.gov.mk      

Работно време: 08.30-16.30 часот       

 

Помошник Раководител на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации: Ловрен Маркиќ

Телефон: +389 2 3297 235

е-мail: lovren.markic@skopje.gov.mk           

Работно време: 08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Антонио Караланов

Телефон:

e-mail: Antonio.Karalanov@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за соработка и поддршка на здруженија и фондации: Сашо Митров

Телефон: 02/3297-245

e-mail: Saso.Mitrov@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот