Сектор за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани

Структура
Одделение за меѓународна соработка
Одделение за соработка и поддршка на здруженија и фондации
Одделение за европска интеграција
Надлежности

Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации:

  1. врши работи поврзани со иницирање, координација и реализација на соработката на Градот Скопје со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, со здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Градот Скопје;
  2. предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации;
  3. ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
Контакт

Раководител на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации: Ловрен Маркиќ

Телефон: +389 2 3297 235

е-мail: lovren.markic@skopje.gov.mk           

Работно време: 08.30-16.30 часот

 

Помошник Раководител на Секторот за меѓународна соработка: Мери Костовска

Телефон: +389 2 3297 286

е-мail: meri.kostovska@skopje.gov.mk           

Работно време: 08.30-16.30 часот