Сектор за образование

Структура
Одделение за образование
Одделение за поддршка на процесите во образованието
Надлежности

Секторот за образование ги следи работите во средното образование во градот, врши анализа на состојбите и дава иницијативи и предлага мерки и активности за нивно унапредување и решавање на проблемите, врши работи поврзани со основањето на јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни, врши работи поврзани со планирањето на финансирањето и учеството на претставниците на Градот Скопје во органите на управување во јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни, ги следи состојбите и дава предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје, предлага мерки и активности за подигање на нивото на ученичкиот стандард, дава информации и податоци во врска со активностите на Градот Скопје во сферата на средното образование, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје.

 

- Одделение за образование:

 

  • изготвува анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во средното образование во градот Скопје;
  • подготвува предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на јавните средни училишта и на ученичките домови;
  • прибира податоци и прави анализи на предлозите на училиштата за запишување ученици во прва година средно образование;
  • подготвува предлог за запишување ученици во јавните средни училишта и за запишување и прием на ученици во ученичките домови;
  • изготвува извештаи за реализација на уписната политика;
  • подготвува предлог за формирање паралелки со помал број ученици во јавните средни училишта;
  • изготвува евиденција за опфатот на децата во средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите;
  • ги следи состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на средното образование;
  • подготвува предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредни состојби;
  • изготвување предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје;
  • покренува иницијативи за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојните јавни средни училишта за задоволување на посебните потреби на Градот во согласност со потребите на пазарот на трудот;
  • иницира активности за воннаставни активности во јавните средни училишта;
  • води регистар на средните училишта и на ученичките домови на подрачјето на градот Скопје;
  • дава стручно мислење по предлозите за основање јавни средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
  • работи на давање согласности за нови вработувања на наставен и ненаставен кадар во јавните средни училишта;
  • подготвува предлог за покренување постапка за престанување со работа на јавни средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
  • предлага мерки и активности за поддршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови;
  • предлага мерки и активности за подобрување на функционалните аспекти на училишните згради и нивото на опременост на јавните средни училишта;
  • презема активности поврзани до доквалификација и преквалифика-ција на возрасни лица.

 

- Одделение за поддршка на процесите во образованието:

 

  • врши работи поврзани со ученичкиот стандард (обезбедување на сместување, исхрана, стипендии и други потреби на учениците во ученичките домови);
  • ги следи кадровските, просторните и инфраструктурните состојби на објектите на јавните средни училишта;
  • устројува и води база на податоци за кадровската структура на јавните средни училишта во функција на реализација на месечните трансфери на средства до училиштата за исплата на плати и надоместоците на плати;
  • ги следи состојбите поврзани со финансиските средства за покривање на реалните трошоци и подготвува предлози за распределба на средствата од дотации за тековно одржување на јавните средни училишта на подрачјето на град Скопје;
  • го подготвува предлогот за усвојување на годишниот финансиски план и предлогот за усвојување на годишните сметки на јавните средни училишта и на ученичките домови;
  • спроведува активности за целосно следење на реализацијата на училишните буџети;
  • врши работи на пресметка на вкупните трошоци по ученик и по вработен сумарно и за секое училиште одделно (поврзани со висината на цената на образовните услуги);
  • устројува и води база на податоци за состојбата на училишните објекти и нивната опременост;
  • предлага мерки и активности за рационализација на трошоците за тековно одржување на училиштата;
  • врши работи на обезбедување средства за инвестициони зафати во јавните средни училишта и ученичките домови;
  • води постапки за основање, односно престанување со работа на јавни средни училишта и на ученичките домови;
  • го следи спроведувањето на постапките по огласите за избор на директори на јавните средни училишта и на ученичките домови;
  • врши и други работи кои произлегуваат од годишните програми за активностите на Градот Скопје од областа на образованието.

 

Контакт

Контакт:

Раководител на сектор: Даниела Адамова

Телефон: 02/3297-533

e-mail: danielaz@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Абдула Аземи

e-mail: Abdula.Azemi@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на Одделение за образование: Биљана Пауновска - Николовска

Телефон:

e-mailBiljana.Paunovska@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот