Сектор за образование

Структура
Одделение за образование
Одделение за поддршка на процесите во образованието
Надлежности

Согласно со Член 13а од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005, 15/07, 06/08 и 19/08) Секторот за образование:

  1. ги следи работите во средното образование во градот;
  2. врши анализа на состојбите и дава иницијативи и предлага мерки и активности за нивно унапредување и решавање на проблемите;
  3. врши работи поврзани со основањето на јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни;
  4. врши работи поврзани со планирањето на финансирањето и учеството на претставниците на Градот Скопје во органите на управување во јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни;
  5. ги следи состојбите и дава предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје;
  6. предлага мерки и активности за подигање на нивото на ученичкиот стандард;
  7. дава информации и податоци во врска со активностите на Градот Скопје во сферата на средното образование;
  8. ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
Контакт

Раководител на Секторот за образование: Даниела Адамова  

Телефон: +389 2 3207 533, +389 2 3297 317

е-мail: danielaz@skopje.gov.mk                              

Работно време: 08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на Секторот за образование: Маја Талеска                                                            

Телефон: +389 2 3297 317

е-мail: MajaTaleska@skopje.gov.mk                            

Работно време: 08.30-16.30 часот