Сектор за поддршка на градоначалникот

Структура
Одделение за координација на активностите на градоначалникот
Одделение за односи со јавноста и информации за граѓаните
Одделение за управување со квалитет
Надлежности

Секторот за поддршка на градоначалникот организира и ги подготвува средбите и состаноците на Градоначалникот на Град Скопје, примање и одговарање на претставките и предлозите на граѓаните, спроведување на анкети и организирање на јавни трибини за одделни прашања од надлежност на Град Скопје, организација и пласирање на информации на веб страната на Град Скопје, остварува комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните служби што се во надлежност на Градот Скопје, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје.

 

- Одделение за координација на активностите на градоначалникот:

 

  • организира работни средби и состаноци на Градоначалникот на Град Скопје;
  • ја координира подготовката на материјалите и информациите што му се потребни на Градоначалникот на Град Скопје за неговите средби и состаноци;
  • составува белешки и записници за средбите и состаноците на градоначалникот;
  • ги организира работите поврзани со посетите на градоначалникот во странство;
  • ги врши протоколарните работи за потребите на Градоначалникот;
  • организира одбележување на значајни датуми и настани како и доделување на награди.

 

-  Одделение за односи со јавноста и информации за граѓаните:

           

  • ја остварува комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните служби што се во надлежност на Градот Скопје;
  • организира прес-конференции, брифинзи и интервјуа за новинарите со портпаролот и Градоначалникот на Град Скопје;
  • подготвува соопштенија за јавноста;
  • го координира прибирањето на информациите од одделните сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје, Советот на Градот Скопје, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби во надлежност на Градот Скопје;
  • оперира со отворената линија за новинари и ги подготвува одговорите на нивните прашања;
  • го подготвува дневниот клипинг и го брифира Градоначалникот на Град Скопје;
  • оперира со отворената телефонска линија за граѓаните и го координира подготвувањето на одговорите на нивните прашања со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје и јавните претпријатија и служби во надлежност на Градот Скопје;
  • го организира Граѓанскиот форум за реализација на директните средби на граѓаните со Градоначалникот на Градот Скопје;
  • го организира и ги дефинира информациите за веб страницата на Градот Скопје;
  • го врши приемот на претставките и предлозите од граѓаните за работата на органите на општината и администарцијата на Град Скопје и го координира доставувањето на образложени одговори на подносителите на претставките и предлозите и доставувањето на претставките и предлозите кои што не се однесуваат на работите од надлежност на Градот Скопје до соодветниот надлежен орган;
  • спроведува анкети и организира јавни трибини при изготвувањето на определени прописи и стратешки и развојни документи на Градот Скопје;
  • спроведува анкети за мерење на ставот на граѓаните за определени прашања и проблеми во Градот Скопје.

 

- Одделение за управување со квалитет

 

  • дава стручно техничка поддршка и соработува со сите организациски единици во Град Скопје преку дефинирање на цели за квалитет;
  • врши ревидирање на документацијата согласно барањата на стандардот, интерни проверки, изготвување на извештаи од интерни проверки, утврдување на неусогласености, дефинирање корективни мерки, дефинирање и евалуација на ризици;
  • врши анализа на задоволството на корисниците на услугите на Град Скопје;
  • врши преиспитување на контекстот на организацијата, спроведување на процес на преиспитување на врвното раководство, како и спроведување на редовна и ресертификациска проверка на системот за менаџмент со квалитет со учество на надворешно сертификациско тело;
  • ги следи сите новини и достигнувања во областа на системите за квалитет, иницирање на предлози за воведување на нови алатки за управување со квалитетот во согласност со принципите на TQM (Total quality management);
  • обезбедува поддршка и дава насоки за воведување на ИСО или други македонски стандарди, односно воведување на интегриран систем за управување составен од повеќе ИСО стандарди каде основата е ИСО 9001;
Контакт

Помошник раководител на сектор: Катерина Гичев

Телефон: /

email - Katerina.Gichev@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за односи со јавноста и информации за граѓаните: Лидија Антоновска

Телефон: 02/3297-265

e-mail: Lidija.Antonovska@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот