Сектор за поддршка на Советот на Град Скопје
Секторот за поддршка на Советот на Град Скопје ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа, ги подготвува прописите и актите од надлежност на Советот на Градот Скопје, ги подготвува и организира седниците на Советот на Град Скопје, комисиите на Советот на Град Скопје и Координативното тело на градоначалници, го подготвува и дистрибуира материјалот за седниците до советниците, дава стручно мислење за одлуките и другите акти во надлежност на Советот на Град Скопје и неговите комисии, се грижи за објавувањето на прописите во „Службен гласник на Град Скопје”, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Градот Скопје.
- Одделение за организација на седници на Советот на Град Скопје:
- ги подготвува и организира седниците на Советот на Градот Скопје;
- ја подготвува предлог програмата за работа на Советот и ја следи реализацијата;
- изготвува текстови на одлуки, заклучоци и други акти од надлежност на Советот;
- врши номо-техничко обликување на актите донесени од Советот;
- ги води записниците од седниците на Советот;
- води стенографски белешки од седниците на Советот;
- изготвува прегледи на акти донесени на седниците на Советот;
- дава стручни мислења во врска со работата на Советот;
- води евиденција за присуството на членовите на Советот на седниците на Советот;
- се грижи за објавувањето на актите во „Службен гласник на Град Скопје“.
- Одделение за поддршка на комисиите на Советот на Град Скопје и Координативното тело на градоначалници:
- ги подготвува и организира седниците на комисиите на Советот на Градот Скопје;
- изготвува текстови на акти од надлежност на комисиите на Советот;
- ги подготвува и организира седниците на Координативното тело на градоначалници;
- ги води извештаите и записниците од седниците на комисиите на Советот;
- изготвува прегледи на акти од седниците на комисиите на Советот;
- дава стручни мислења во врска со работата на комисиите;
- води евиденција за присуството на членовите на Советот на седниците на комисиите.
Раководител на сектор: Каролина Огњановиќ - Чукалиева
Телефон:/
e-mail: Karolina.Ognjanovich.Chukalieva@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор: Маја Талеска
Телефон:+389 2 3297-319
e-mail: Maja.Taleska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор: Јулија Шекерова
Телефон: /
email - Julija.Shekerova@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на Одделението за поддршка на комисии: Билјана Кекенова
Телефон: +389 2 3297-258
е-мail: Biljana.Kekenova@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот