Сектор за правни работи

Структура
Одделение за норматива
Одделение за правна заштита
Надлежности

Секторот за правни работи ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа, ги подготвува прописите и актите од надлежност на администрацијата на Градот Скопје, дава мислење за усогласеноста на прописите и актите со законите и другите прописи, го застапува Градот Скопје во судските спорови пред надлежните судови и пред други надлежни органи. Ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје.

 

- Одделение за норматива:

 

  • изготвува одлуки и други општи акти во областите што не се во надлежност на другите сектори;
  • учествува во изготвувањето на одлуките и општите акти од надлежност на другите сектори и задолжително дава мислење за усогласеноста на општите акти, договорите и поединечните акти што тие ги изготвуваат со законите и другите прописи;
  • дава мислења на органите на Градот Скопје и секторите во рамки на администрација на Град Скопје во врска со примената на законите и другите прописи;
  • ја следи усогласеноста на одлуките и другите општи акти на Градот Скопје со законите и другите прописи и предлага соодветни активности за нивно усогласување;
  • ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа.

 

-  Одделение за правна заштита:

 

  • го застапува Градот Скопје во правните работи и спорови пред надлежните судови и други органи во РСМ;
  • води регистар на судски и други предмети пред надлежните судови и други органи во РСМ.

 

Контакт

Раководител на сектор: Цветанка Соколова Младеновска

Телефон: 02/3297-398

e-mail: cvetankas@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Никола Џајкоски

Телефон: 02/3297-378

e-mail: Nikola.Dzajkoski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за норматива: Марија Клинчарова Атанасовска

Телефон:

e-mail: Marija.Klincarova@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за правна заштита - Слободан Јаневски

Телефон:

e-mailSlobodan.Janevski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот