Сектор за внатрешна ревизија

Структура
Одделение за внатрешна ревизија на администрацијата на Град Скопје
Одделение за внатрешна ревизија на јавните претпријатија основани од Град Скопје
Одделение за внатрешна ревизија на јавните установи основани од Град Скопје
Надлежности

Согласно Член 21 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 06/2008) Секторот за внатрешна ревизија ги врши следниве работи:

  1. врши внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставена од Град Скопје, согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатена од Министерството за финансии;
  2. подготвува стратешки и годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето на градоначалникот на Град Скопје, го обезбедува неговото спроведување и следење;
  3. го информира градоначалникот, доколку се појави сомнеж за нерегуларност и/или измами кои можат да резултират со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
  4. доставува извештај за спроведената внатрешна ревизија до градоначалникот;
  5. подготвува годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
  6. врши оценување на значајните фактори на ризик и дава совети на градоначалникот на Град Скопје за намалување на факторите на ризик;
  7. врз основа на анализи од работењето, ја утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работата на администрацијата;
  8. утврдува и оценува усогласеност на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на Град Скопје;
  9. врши и други работи согласно со закон.
Контакт

Раководител на сектор: Сузана Бубаќовска

Телефон:  +389 2 3207-211                

е-мail: Suzana.Bubakovska@skopje.gov.mk

Работно време: 08.30-16.30 часот