Сектор за заштита и спасување
Секторот за заштита и спасување врши работи од областа на заштитата и спасувањето, управувањето со кризи, одбраната и пожарникарството во согласност со закон и ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје.
- Одделение за заштита, спасување и административна поддршка на Територијална противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ):
- изготвува Процена на загрозеност на градот Скопје од природни непогоди и други несреќи и План за заштита и спасување на градот Скопје од природни непогоди и други несреќи;
- подготвува годишна акциона програма за заштита и спасување, која содржи општи нормативни претпоставки за реализирање на Националната стратегија за заштита и спасување;
- ги утврдува обврските на јавните претпријатија, установи и служби основани од Градот Скопје заради отстранување на последиците од настанатите природни непогоди и други несреќи;
- дава предлог за висината на средствата потребни за заштита и спасување од буџетот на Градот Скопје;
- изготвува Предлог одлука за формирање Градски штаб за заштита и спасување;
- ги координира активностите на јавните претпријатија и установите основани од Градот Скопје во врска со заштитата и спасувањето и ја следи нивната спремност за активирање во случај на природни непогоди и други несреќи;
- предлага мерки и активности за спречување на настанувањето и за отстранувањето на последиците од природни непогоди и други несреќи и дава предлози и врши работи поврзани со формирањето и подготвеноста на силите за заштита и спасување и дава предлози за нивно ангажирање, за ангажирање на просторните сили или републичките сили за заштита и спасување;
- дава предлог за распределба на хуманитарната помош наменета за настраданото население во градот Скопје;
- го следи остварувањето на акциите за расчистување на патишта, улици и други инфраструктурни објекти во случај на настанување на природни непогоди и други несреќи;
- ги координира активностите во областа на заштитата и спасувањето со општините на подрачјето на градот Скопје и предлага насоки по кои општините на подрачјето на градот Скопје се должни да постапуваат;
- врши стручна обработка на прашањата што се од значење за примената на законските одредби, изготвува тези за изработка на прописи, општи акти и информативно-аналитички материјали, изготвува предлог - одлуки и други прописи, програми и други акти, анализи, информации и други материјали, стручно-аналитички и други материјали за комисиите на Советот на Град Скопје;
- истражување на пазар и изготвување на техничка спецификација за спроведување на јавните набавки за потребите на БППЗ;
- ги следи прописите од областа на заштитата и спасувањето, пожарникарството и дава совети на вработените во врска со нивните права, обврски и одговорности;
- извршување на организациско-технички работи во врска со приемот и средувањето на поштата на Командантот на бригадата и помош при извршување на секојдневните обврски;
- ги следи прописите од областа на заштитата и спасувањето, пожарникарството и дава совети на вработените во врска со нивните права, обврски и одговорности;
- изготвува предлог акти од областа на пожарникарството;
- истражување на пазар и изготвување на техничка спецификација за спроведување на јавните набавки за потребите на БППЗ;
- извршување на организациско-технички работи во врска со приемот и средувањето на поштата на Командантот на бригадата и помош при извршување на секојдневните обврски.
- Територијална противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ):
- гаснење на пожари на подрачјето на градот Скопје;
- отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
- спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
- укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
- извршување на други работи при несреќи и непогоди;
- врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не смеат да го оневозможуваат или попречуваат извршувањето на функциите од претходните алинеи на овој став;
- заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РСМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Северна Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Северна Македонија;
- давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
- водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Градот Скопје за тоа;
- периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
- тековна поправка и одржување на механиката;
- давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
- врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРСМ;
- едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности.
(2) Работите од став (1) на овој член Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје ги врши во Центар „Автокоманда“ и преку четири потцентри: „Ѓорче Петров“, „Битпазар“, „Тафталиџе“ и „Драчево“.
Помошник Раководител на Сектор: Николче Златевски
mail: Nikolce.Zlatevski@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Командант на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје - Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ) - Звонко Томески
mail: Zvonko.Tomeski@skopje.gov.mk
Раководител на Одделение за заштита и спасување и административна поддршка на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ): Самет Љачи
телефон: /
mail: Samet.Ljaci@skopje.gov.mk