Сектор за заштита на животната средина
Сектор за заштита на животната средина ги врши работите поврзани со заштитата, преземањето мерки и спречување од загадување на воздухот, водата, почвата, унапредување на природата и зеленилото, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење, адаптација и намалување на климатските промени, подобрување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија, стратешко планирање во животната средина преку подготовка на стратешки, плански и проектни документи и следење на нивната имплементација на подрачјето на градот Скопје, обезбедува тимска работа на одделенијата во својот состав и ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје.
- Одделение за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење:
- ги следи и применува законите и другите прописи од областа на квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење и адаптацијата и намалувањето на климатските промени;
- подготвува План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион, ја организира постапката за учество на заинтересираните субјекти во подготовката и усвојувањето на Планот од страна на Советот на Град Скопје и го следи неговото спроведување;
- подготвува Краткорочен акционен план за заштита на амбиентниот воздух и го следи неговото спроведување;
- ги подготвува годишниот извештај за спроведување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион и извештајот за спроведување на Краткорочниот акционен план, што се доставуваат до Советот на Град Скопје и до надлежното министерство;
- се грижи за објавување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион и краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух;
- спроведува постапки за субвенционирање на мерките за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух утврдени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион;
- предлага преземање на други мерки за управување со квалитетот на амбиентниот воздух и мерки и активности за подобрување на општата состојба на подрачјето на градот Скопје;
- по потреба воспоставува локален мониторинг на амбиентниот воздух;
- подготвува на планска документација за климатски промени и ја следи нејзината реализација;
- организира изработка и ажурирање на инвентар на стакленички гасови;
- подготвува Стратешка карта на бучава на град Скопје и Акциски план за намалување на бучавата на град Скопје;
- предлага мерки за заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на градот Скопје;
- изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
- во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрацијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на Одделението;
- ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.
- Одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата:
- ги следи и применува законите и другите прописи од областа на заштитата на водите и почвата;
- предлага мерки за мониторинг на квалитетот на водата за пиење, како и за спречување на загадувањето на водата за пиење;
- предлага мерки за одржливо користење на изворите на вода за пиење,
- предлага донесување на одлуки за прогласување на заштитни зони на изворите на вода за пиење;
- предлага активности за следење на состојбата на подземните и површинските води наменети за пиење и капење, предлага мерки за намалување и отстранување на ризикот за нивно згадување и соодветни превентивни мерки во согласност со закон;
- изготвува и води регистар на бунари за стопански цели во Скопскиот регион;
- предлага активности за следење на квалитетот на отпадните води во рамки на подготвителните работи за изградба на пречистителна станица;
- го следи функционирањето на изградените пречистителни станици;
- предлага мерки за заштита на земјиштето од ерозија и порои и го следи нивното спроведување;
- учествува во изготвување на извештаи за активностите реализирани во претходната година и предвидените активности за наредната година во врска со заштитата од штетното дејство на водите кои ги донесува Советот на Град Скопје;
- предлага мерки за следење на загадувањето на почвите и последиците од тоа загадување и мерки за нивно подобрување;
- предлага мерки за санација и рекултивација на поранешни депонии;
- предлага мерки за санација и рекултивација на контаминирани подрачја;
- учествува во идентификација на ерозивните подрачја и подрачјата загрозени од ерозија на територијата на Град Скопје и на нивните граници и му предлага на Советот на Град Скопје да ги определи границите на овие подрачја;
- учествува во подготовката на оперативни планови за заштита од поплави;
- стручно ги обработува и дава мислење во постапката на подготовка на развојните стратешки, плански и програмски документи што ги донесува Советот на Градот Скопје, кои би можеле да имаат значителни ефекти врз водите и почвата;
- изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
- во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрaцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на Одделението;
- ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.
- Одделение за заштита и унапредување на природата и зеленилото:
- ги следи и применува законите и другите прописи од областа на надлежноста на Одделението;
- ги подготвува предлозите за прогласување на заштитено подрачје;
- ги подготвува плановите за управување со заштитени подрачја со кои управува Град Скопје, по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и за нивната реализација доставува годишни извештаи;
- презема активности за заштита, уредување и унапредување на заштитените подрачја што му се дадени на управување на Град Скопје, континуирано на годишно ниво;
- стручно ги обработува и дава мислење во постапката на подготовка на развојните стратешки, плански и програмски документи што ги донесува Советот на Градот Скопје, кои би можеле да имаат значителни ефекти врз природата;
- следи посебни состојби, како што се: достапност на зелените површини, поврзаноста на зелените површини, оформување на зелени коридори, поврзаност на градското и вонградското зеленило во интегриран систем, разновидноста на хабитатите во градската средина и покрај речните токови;
- применува искуства за користење на заштитната улога на зеленилото за намалување и адаптирање на климатските промени, намалување на загаденоста на воздухот, намалување на бучавата и др.;
- изготвува Карта на биотопи на подрачјето на град Скопје, учествува во примена на Картата на биотопи во процесите на планирање на просторот и се грижи за одржување и ажурирање на Картата на биотопи;
- учествува во подготовката и ажурирањето на катастарот на зелените површини (Зелен катастар);
- воспоставува Катастар на заштитени подрачја;
- изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
- во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрaцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на Одделението;
- ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.
- Одделение за стратешко управување со животната средина и планирање и подигнување на јавната свест за животната средина:
- ги следи и применува законите и другите прописи од областа на надлежноста на Одделението;
- ја спроведува процедурата за изработка на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина (СОВЖС) за стратегии, планови и програми, кои можат да имаат значително влијание врз животната средина, во случај кога Град Скопје е орган што го спроведува планскиот документ за кој се врши оцената на влијанија;
- ја спроведува постапката за оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС) за различни видови проекти кои поради нивниот карактер, обем или локација на која се изведуваат, можат да имаат значително влијание врз животната средина, во случај кога Град Скопје е орган што го спроведува проектот за кој се врши оцената на влијанија;
- во рамки на спроведување на процедурата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) ја спроведува постапката за издавање и изменување на Б-интегрирани еколошки дозволи;
- подготвува стручни мислења до надлежниот орган на државната управа за работите од областа на животната средина во постапката за издавање А-интегрирани еколошки дозволи за инсталации на подрачјето на Град Скопје;
- воспоставува и води регистар и база на податоци за инсталации со Б-интегрирани еколошки дозволи и редовно објавува податоци од истите на веб страницата на Град Скопје;
- ја спроведува постапката за одобрување на елаборати за заштита на животната средина за чие одобрување е надлежен Град Скопје;
- воспоставува и води регистар и база на податоци за инсталации со одбрени елаборати за заштита на животната средина и редовно објавува податоци од истите на веб страницата на Град Скопје;
- воспоставува, води и одржува Интегриран Катастар за животната средина и Регистарот на загадувачи;
- изготвува Надворешен план за вонредни состојби врз основа на внатрешните планови за вонредни состојби на операторите кои вршат дејност во производствен, транспортен или во систем за складирање во кој се присутни опасни супстанци во количества поголеми или еднакви на пропишаните гранични вредности;
- изготвува и спроведува стратешки, програмски и плански документи за заштита на животната средина и обезбедување одржлив развој;
- изготвува, донесува и реализира Локален еколошки акционен план (ЛЕАП);
- изготвува извештај за состојба на животната средина на подрачјето на Град Скопје;
- учествува во изготвувањето на национални планови и стратегии од областа на животната средина и планира спроведување на активности од надлежност на Град Скопје, за реализација на тие планови и стратегии;
- ги планира и спроведува активностите за подигање на јавната свест за потребата од заштита на животната средина, поттикнување на едуцирањето на јавноста за заштитата на животната средина и одржливиот развој, преку организирање манифестации, анкети, работилници, обуки и соработува со министерства, општини и здруженија на граѓани;
- изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
- во соработка со надлежниот сектор во рамки на администарцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението;
- ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.
- Одделение енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
- ги следи и анализира состојбите во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија од надлежност на Град Скопје и предлага мерки и активности за нивно унапредување;
- ги следи меѓународните искуства во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и предлага мерки и иницијативи за нивна примена, односно адаптација на условите во Град Скопје;
- одговорно е за организирањето на сите надлежности на Град Скопје во однос на Законот за енергетика и енергетска ефикасност;
- иницира идеи и дава предлози за конкретни проекти и активности од областа на енергетиката, енергетска ефикасност и обновливите извори во надлежност на Град Скопје;
- учествува или раководи со проектни тимови;
- организира, координира и учествува или непосредно изготвува предлог одлуки и други прописи, програми, анализи, информации и други акти;
- врши оцена на потребите за обуки и предлага насоки за стручно усовршување на вработените во одделението;
- ги анализира состојбите во областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија од надлежност на Градот и предлага мерки и активности за нивно унапредување;
- учествува во подготовката на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје и годишните планови за реализација на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје и во следењето на нивното спроведување;
- ја следи и активно учествува во изготвувањето на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
- ги дефинира и спроведува планските и програмските документи за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
- изготвува тези за изработка и учествува во изготвување одлуки и други прописи поврзани со енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
- учествува во апликациите на Град Скопје за учество на конкурси од странски субјекти од областа на делокругот од своето работење;
- изготвува стручно-аналитички и други материјали за комисиите на Советот на Град Скопје.
Раководител на Сектор за заштита на животната средина: Мирјана Јорданова
Телефон: 02/3297-301
е-mail: Mirjana.Jordanova@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на Сектор за заштита на животната средина: Соња Цветковиќ Чолакова
Телефон: 02/3297-273
е-mail: sonja.cvetkovikjcholakova@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење: Гоце Ѓоргиев
Телефон: 02/3297-273
e-mail: goceg@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата: Александра Димитриеска
Телефон: 02/3297-273
e-mail: Aleksandra.Dimitrieska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за заштита и унапредување на природата и зеленилото: Слаѓана Георгиевска
Телефон: 02/3297-273
e-mail: Slagjana.Georgievska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија: Иван Иванов
Телефон: 02/3297-273
e-mail: ivani@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за стратешко управување со животната средина и планирање и подигнување на јавната свест за животната средина: : Ирина Шентевска Арџанлиева
Телефон: 02/3297-273
e-mail: irina.sentevska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот