Сектор за заштита на животната средина и природата

Структура
Одделение за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење
Одделение за заштита и унапредување на природата и зеленилото
Одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата
Одделение за стратешко управување со животната средина и планирање и подигнување на јавната свест за животната средина
Одделение за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
Надлежности

Сектор за заштита на животната средина ги врши работите поврзани со заштитата, преземањето мерки и спречување од загадување на воздухот, водата, почвата, заштита и влијанието на органската и неорганската хемиска технологија врз животната средина и унапредување на природата и зеленилото, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење, адаптација и намалување на климатските промени, стратешко планирање во животната средина преку подготовка на стратешки, плански и проектни документи и следење на нивната имплементација на подрачјето на градот Скопје, обезбедува тимска работа на одделенијата во својот состав и ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје.

 

- Одделение за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење:

 

  • ги следи и применува законите и другите прописи од областа на квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење и адаптацијата и намалувањето на климатските промени;
  • подготвува План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион, ја организира постапката за учество на заинтересираните субјекти во подготовката и усвојувањето на Планот од страна на Советот на Град Скопје и го следи неговото спроведување;
  • подготвува Краткорочен акционен план за заштита на амбиентниот воздух и го следи неговото спроведување;
  • ги подготвува годишниот извештај за спроведување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион и извештајот за спроведување на Краткорочниот акционен план, што се доставуваат до Советот на Град Скопје и до надлежното министерство;
  • се грижи за објавување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион и краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух;
  • спроведува постапки за субвенционирање на мерките за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух утврдени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион;
  • предлага преземање на други мерки за управување со квалитетот на амбиентниот воздух и мерки и активности за подобрување на општата состојба на подрачјето на градот Скопје;
  • по потреба воспоставува локален мониторинг на амбиентниот воздух;
  • воспоставува и одржува Катастар на загадувачи на воздух;
  • подготвува Стратегија за климатски промени и ја следи нејзината реализација;
  • спроведува активности и реализира обврски пропишани во Законот за климатска акција;
  • предлага мерки за намалување и адаптација на последиците на климатските промени и ја следи нивната имплементација;
  • организира изработка и ажурирање на инвентар на стакленички гасови;
  • учествува во воспоставување на современ автоматизиран метеоролошко – климатски набљудувачки систем во градот и вршење мезометеоролошки мерења;
  • подготвува Стратешка карта на бучава на град Скопје и Акциски план за намалување на бучавата на град Скопје;
  • предлага мерки за заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на градот Скопје;
  • воспоставува и одржува Катастар на создавачи на бучава;
  • изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрацијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на Одделението;
  • ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.

 

- Одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата:

 

  • ги следи и применува законите и другите прописи од областа на заштитата на водите и почвата;
  • предлага мерки за мониторинг на квалитетот на водата за пиење, како и за спречување на загадувањето на водата за пиење;
  • предлага мерки за одржливо користење на изворите на вода за пиење,
  • предлага донесување на одлуки за прогласување на заштитни зони на изворите на вода за пиење;
  • предлага активности за следење на состојбата на подземните и површинските води наменети за пиење и капење, предлага мерки за намалување и отстранување на ризикот за нивно згадување и соодветни превентивни мерки во согласност со закон;
  • предлага означување на водите за капење на подрачјето на Град Скопје и предлага мерки за заштита на зоните за капење од загадување и од дејства и активности кои можат негативно да влијаат врз нивниот квалитет;
  • воспоставува мониторинг на водите во зоните за капење на подрачјето на Град Скопје;
  • изготвува и води регистар на бунари за стопански цели во Скопскиот регион;
  • воспоставува и одржува Катастар на загадувачите на води и на почва,
  • предлага активности за следење на квалитетот на отпадните води во рамки на подготвителните работи за изградба на пречистителна станица;
  • го следи функционирањето на изградените пречистителни станици;
  • предлага мерки и активности за заштита од штетно дејство на водите кое вклучува заштита и одбрана од поплави, одбрана од ерозии и порои, одбрана од замрзнување на површинските води, како и отстранување на последиците од таквите штетни дејства на водите;
  • учествува во изработката на локална програма за заштита од штетно дејство на водите која донесува Советот на Град Скопје;
  • учествува во изготвување на извештаи за активностите реализирани во претходната година и предвидените активности за наредната година во врска со заштитата од штетното дејство на водите кои ги донесува Советот на Град Скопје;
  • предлага мерки за следење на загадувањето на почвите и последиците од тоа загадување и мерки за нивно подобрување;
  • предлага и реализира мерки за санација и рекултивација на поранешни депонии;
  • предлага и реализира мерки за санација и рекултивација на контаминирани подрачја;
  • спроведува активности и реализира обврски пропишани во Законот за почви;
  • учествува во идентификација на ерозивните подрачја и подрачјата загрозени од ерозија на територијата на Град Скопје и на нивните граници и му предлага на Советот на Град Скопје да ги определи границите на овие подрачја;
  • предлага мерки за заштита на земјиштето од ерозија и порои и го следи нивното спроведување;
  • учествува во подготовката на оперативни планови за заштита од поплави;
  • стручно ги обработува и дава мислење во постапката на подготовка на развојните стратешки, плански и програмски документи што ги донесува Советот на Градот Скопје, кои би можеле да имаат значителни ефекти врз водите и почвата;
  • изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрaцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на Одделението;
  • ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.

 

- Одделение за заштита и унапредување на природата и зеленилото:

 

  • ги следи и применува законите и другите прописи од областа на надлежноста на Одделението;
  • ги подготвува предлозите за прогласување на заштитено подрачје;
  • ги подготвува плановите за управување со заштитени подрачја со кои управува Град Скопје, по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и за нивната реализација доставува годишни извештаи;
  • презема активности за заштита, уредување и унапредување на заштитените подрачја што му се дадени на управување на Град Скопје, континуирано на годишно ниво;
  • стручно ги обработува и дава мислење во постапката на подготовка на развојните стратешки, плански и програмски документи што ги донесува Советот на Градот Скопје, кои би можеле да имаат значителни ефекти врз природата;
  • ги подготвува со закон дефинираните категории податоци заради заштита на природата што мора да се содржат во документите за уредување и користење на просторот;
  • подготвува програмски и плански документи за обезбедување на заштитната улога на зеленилото на подрачјето на Градот;
  • следи посебни состојби, како што се: достапност на зелените површини, поврзаноста на зелените површини, оформување на зелени коридори, поврзаност на градското и вонградското зеленило во интегриран систем, разновидноста на хабитатите во градската средина и покрај речните токови, влијанието на загадениот воздух, бучавата, отпадот врз зеленилото и сл.;
  • применува искуства за користење на заштитната улога на зеленилото за намалување и адаптирање на климатските промени, намалување на загаденоста на воздухот, намалување на бучавата и др.;
  • изготвува Карта на биотопи на подрачјето на град Скопје, учествува во примена на Картата на биотопи во процесите на планирање на просторот и се грижи за одржување и ажурирање на Картата на биотопи;
  • учествува во подготовката и ажурирањето на катастарот на зелените површини (Зелен катастар);
  • воспоставува и одржува Катастар на заштитени подрачја;
  • изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрaцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на Одделението;
  • ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.

 

- Одделение за стратешко управување со животната средина и планирање и подигнување на јавната свест за животната средина:

 

  • ги следи и применува законите и другите прописи од областа на надлежноста на Одделението;
  • ја спроведува процедурата за изработка на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина (СОВЖС) за стратегии, планови и програми, кои можат да имаат значително влијание врз животната средина, во случај кога Град Скопје е орган што го спроведува планскиот документ за кој се врши оцената на влијанија;
  • ја спроведува постапката за оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС) за различни видови проекти кои поради нивниот карактер, обем или локација на која се изведуваат, можат да имаат значително влијание врз животната средина, во случај кога Град Скопје е орган што го спроведува проектот за кој се врши оцената на влијанија;
  • за проекти што се спроведуваат на подрачјето на Градот, учествува во процесот на определување на обемот на ОВЖС и дава мислење по студијата за ОВЖС, во случај кога Град Скопје е засегнат од спроведувањето на проектот за кој се врши оцената на влијанија;
  • во рамки на спроведување на процедурата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) ја спроведува постапката за издавање и изменување на Б-интегрирани еколошки дозволи;
  • подготвува стручни мислења до надлежниот орган на државната управа за работите од областа на животната средина во постапката за издавање А-интегрирани еколошки дозволи за инсталации на подрачјето на Градот;
  • воспоставува и води регистар и база на податоци за инсталации со Б-интегрирани еколошки дозволи и редовно објавува податоци од истите на веб страницата на Град Скопје;
  • ја спроведува постапката за одобрување на елаборати за заштита на животната средина, за активности и дејности за кои не се спроведува оцена на влијанието врз животната средина, а чие одобрување е во надлежност на Градот;
  • воспоставува и води регистар и база на податоци за инсталации со одбрени елаборати за заштита на животната средина и редовно објавува податоци од истите на веб страницата на Град Скопје;
  • воспоставува, води и одржува Интегриран Катастар за животната средина кој ги вклучува Катастарот на загадувачите на воздухот, водите и на почвата, Катастарот на создавачите на бучава, Катастарот на создавачите на отпад, Катастарот на заштитените подрачја, Регистарот на загадувачи и другите катастари утврдени со посебните закони;
  • изготвува Надворешен план за вонредни состојби врз основа на внатрешните планови за вонредни состојби на операторите кои вршат дејност во производствен, транспортен или во систем за складирање во кој се присутни опасни супстанци во количества поголеми или еднакви на пропишаните гранични вредности;
  • изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на администрацијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението;
  • ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението. ги следи и применува законите и другите прописи од областа на надлежноста на Одделението;
  • изготвува и спроведува стратешки, програмски и плански документи за заштита на животната средина и обезбедување одржлив развој;
  • изготвува, донесува и реализира Локален еколошки акционен план (ЛЕАП);
  • изготвува извештај за состојба на животната средина на подрачјето на Градот;
  • може да изработи Локална агенда 21, како локален стратешки, плански и програмски документ за одржлив рзвој, заради усогласување на економскиот развој, социјалниот напредок и заштита на животната средина и да го предложи за донесување на Советот на Град Скопје;
  • спроведува активности за проценка на еколошкиот капацитет на Градот и предлага мерки во зависност од резултатите на пресметаниот еколошки отисок;
  • презема активности кои произлегуваат од членството на Градот во мрежата на Здрави градови и ја спроведува пропишаната годишна процедура;
  • презема мерки за обезбедување чиста животна средина, здравје и благосостојба на луѓето, во соработка со други сектори на администрацијата на Град Скопје и релевантни институции;
  • учествува во изготвувањето на национални планови и стратегии од областа на животната средина и планира спроведување на активности од надлежност на Градот, за реализација на тие планови и стратегии;
  • изготвува стратешки, плански и програмски документи за управување со отпад како план за управување со отпад, програма за управување со отпад, регионален план за управување со отпад и извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за истите и ја следи реализацијата на донесените плански документи;
  • подготвува годишни извештаи за спроведувањето на програмите за управување со отпад и ги доставува истите до органот надлежен за работите од областа на животната средина;
  • ги анализира состојбите во областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија од надлежност на Градот и предлага мерки и активности за нивно унапредување;
  • учествува во подготовката на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје и годишните планови за реализација на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје и во следењето на нивното спроведување;
  • учествува во подготовката на Акциониот план за енергетски одржлив развој (СЕАП) на Град Скопје и во следењето на неговото спроведување;
  • изготвува годишни програми на активности од областа на животната средина на подрачјето на градот;
  • го планира, изготвува и извршува Буџетот на Секторот како сегмент на Буџетот на Град Скопје;
  • спроведува процедура на јавни набавки (планирање, подготовка и спроведување) на стоки, услуги и работи од областа на надлежностите на Секторот;
  • ги спроведува активностите за редовно информирање на јавноста за животната средина и го обезбедува спроведувањето на законските одредби за учество на јавноста во прашањата за животната средина и за донесување и спроведување на стратегии, планови, програми и проекти од областа на животната средина;
  • ги планира и спроведува активностите за подигање на јавната свест за потребата од заштита на животната средина, поттикнување на едуцирањето на јавноста за заштитата на животната средина и одржливиот развој, преку организирање манифестации, анкети, работилници, обуки и соработува со министерства, општини и здруженија на граѓани;
  • подготвува одговори на прашања на советниците на Советот на Градот од областа на животната средина, постапува по барања на граѓани, обезбедува одговори на прашања по основ на Законот за пристап до информации и подготвува одговори за печатените и електронските медиуми;
  • изготвува и предлози на други прописи, акти и плански документи од надлежност на Советот и градоначалникот на Град Скопје што се во надлежност на Одделението;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на администарцијата на Град Скопје, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението;
  • ја следи реализацијата на договорите за активностите во надлежност на Одделението.

 

- Одделение енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 

  • предлага мерки за намалување и адаптација на последиците на климатските и ја следи нивната имплементација
  • ги следи и анализира состојбите во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија од надлежност на Градот предлага мерки и активности за нивно унапредување;
  • ги следи меѓународните искуства во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и предлага мерки и иницијативи за нивна примена, односно адаптација на условите во Градот Скопје;
  • одговорно е за организирањето на сите надлежности на Град Скопје во однос на Законот за енергетика;
  • иницира идеи и дава предлози за конкретни проекти и активности од областа на енергетиката во надлежност на Градот;
  • учествува или раководи со проектни тимови;
  • организира, координира и учествува или непосредно изготвува предлог одлуки и други прописи, програми, анализи, информации и други акти;
  • врши оцена на потребите за обуки и предлага насоки за стручно усовршување на вработените во одделението;
  • ја следи и активно учествува во изготвувањето на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
  • ги дефинира плановите за реализација на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
  • изготвува тези за изработка и учествува во изготвување одлуки и други прописи поврзани со енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
  • активно го следи и координира изготвувањето на потребната инвестиционо – техничка документација за реализација на работите од својот делокруг и врши техничко-финансиски надзор со потребни испитувања и обезбедува технички прием на извршените работи;
  • учествува во апликациите на Градот за учество на конкурси од странски субјекти од областа на делокругот од своето работење;
  • изготвува стручно-аналитички и други материјали за комисиите на Советот на Град Скопје.

 

Контакт

Раководител на Сектор за заштита на животна средина: Соња Цветковиќ Чолакова

Телефон: 072-319655,  02/3297-301

е-mail: sonja.cvetkovikjcholakova@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на Сектор: Никола Јовановски

Телефон: 02/3297-301

e-mail: Nikola.Jovanovski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатски промени, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење: Гоце Ѓоргиев

Телефон: 02/3297-273

e-mail: goceg@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата: Поликсена Чудо

Телефон: 070-243602     

e-mail: Poliksena.Chudo@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за заштита и унапредување на природата и зеленилото: Слаѓана Георгиевска

Телефон: 02/3297-302

e-mail: Slagjana.Georgievska@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на Одделение за стратешко управување со животната средина и  планирање и подигнување на јавната свест за животната средина: Петар Ѓорѓиоски

Контакт тел: 078-373779,  02/3297301

е-mail: petar.gjorgjioski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија: Иван Иванов

Телефон: 02/3297-273, 072-254-866

e-mail: ivani@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот