СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Сектор за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на методолошка, организациска и техничка поддршка во изработка на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, планирање и екипирање на човечките ресурси, пополнување на работните места преку вработување со јавен или интерен оглас, прераспоредување, мобилност, проценка и анализа на потребите од обуки, планирање на обуки, испорака и евалуација на обуките, согледување на вредноста на квалитетот на реализираните обуки оценување на вработените, кариерен напредок на секој вработен како унапредување, активирање и мотивација и одржување на човечките ресурси, грижа за високо ниво на мотивација и етика и следење на примената на етичкиот кодекс на административните службеници, следење и унапредување на дисцилината на административните службеници и водење на постапките за дисциплинска и материјална одговорност, внесување и ажурирање податоци на вработените во електорнскиот систем за човечки ресурси ХРМИС, стручно-оперативна и логистичка подршка во подготвувањето на сите видови акти кои произлегуваат од Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и другите законски прописи од областа на работните односи и на другите подзаконски акти, остварува редовни контакти со другите раководители на секторите, организира и остварува соработка со другите институции за работи од оваа област.
- Одделение за вработување, унапредување, мобилност и права и одговорности од работен однос:
- го координира и учествува во процесот на изработка на функционална анализа на работните места во Град Скопје;
- подготвува акт за внатрешна организацијата на Град Скопје, како и негови измени и дополнувања и ги доставува на согласност до надлежното министерство;
- подготвува правилник за систематизација на работните места во администрација на Градот Скопје, како и измени и дополнувања на овој акт и ги доставува на согласност до надлежното министерство;
- изготвува годишен план за вработување и негови измени и дополнувања и извештаи за реализација на планот и ги доставува на согласност до надлежното министерство;
- изготвува предлог одлука за обезбедување на финансиски средства за вработувања на определено време и нејзини измени и дополнувања;
- соработува со агенциите за привремени вработувања;
- ја води и ажурира електронската база на податоци за вработените;
- внесува и ажурира податоци во елекронскиот ситем за човечки ресурси ХРМИС;
- ги води персоналните досиеја на сите вработени во Град Скопје;
- изготвува потврди за редовен работен однос и уверенија за бенефициран стаж на вработените во БППЗ;
- подготвува процедури за работа во одделението;
- спроведува постапки за вработување преку јавен оглас, унапредување преку интерен оглас и постапки за мобилност на вработените во Град Скопје;
- ги подготвува актите и решенијата за вработување во Град Скопје;
- ги подготвува решенијата за престанок на работен однос во Град Скопје;
- соработува со Агенцијата за администрација и Министерството за информатичко општество и администрација во областите од делокругот на работата на одделението;
- ги пријавува и одјавува во здравствено осигурување преку ЗО обрасци во Фондот за здравствено осигурување вработените во Град Скопје и членовите на нивните семејства кои се здравствено осигурани преку вработениот како носител на здравствено осигурување;
- соработува со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во рамките на своите надлежности;
- соработува со Агенцијата за вработување заради пријава за вработување или одјава за престанок на работен однос во Град Скопје;
- ги координира дисциплинските постапки и постапките за материјална одговорност согласно законските одредби и изготвува годишен извештај за изречени мерки за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност на административните службеници во Град Скопје и го доставува до надлежното минмистерство;
- учествува на состаноци на мрежата за управување со човечки ресурси;
- обработува документација за вработените во Град Скопје и изготвува редовни статистички и други извештаи поврзани со персоналната евиденција за вработените во Град Скопје;
- согласно со планот за користење на годишен одмор за вработените во Град Скопје, изготвува решенија за користење на годишен одмор;
- изготвува решенија за користење на платено или неплатено отсуство, решенија за мирување на работен однос, надоместок на трошоци поврзани со работата и други решенија кои произлегуваат од Законот за административните службеници, Законот за вработени во јавниот сектор и другите законски прописи од областа на работните односи.
- Одделение за мотивација, оценување, стручно оспособување и усовршување:
- се грижи за високо ниво на мотивација на вработените, развива политики и упатства за активно промовирање на култура на отворена комуникација и транспарентност во работењето, го поттикнува тимското работење;
- го изготвува кодексот на однесување на вработените во Град Скопје;
- предлага мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;
- го координира процесот на оценување на ефектот на административните службеници во Град Скопје;
- соработува со секторите во Град Скопје по прашањата за оценување на административните службеници;
- изготвува решенија за доделување надоместок за успешност во работењето на административните службеници оценети со оцена “А”;
- подготвува извештај со ранг листа на годишни оцени за сите административни службеници и го доставува до надлежното министерство;
- помага при водење на постапките пред Агенцијата за администрација по жалба на постапката за оценување;
- изработува анализи и собира информации за изработка на годишен план за обуки;
- утврдува индивидуален план за стручно усовршување на административните службеници;
- изготвува годишен план за обуки на административните службеници во Град Скопје и го доставува до надлежното министерство;
- изготвува извештаи за реализација на годишниoт план за обуки и ги доставува до надлежното министерство;
- подготвува номинации за обуки на вработените;
- при стручното оспособување и усовршување на вработениот по потреба на органот подготвува договори за регулирање на меѓусебните права и обврски;
- соработува со Министерството за информатичко општество и администрaција и Агенцијата за администрација во врска со прашањата од областа на човечките ресурси.
Контакт:
Раководител на сектор за управување со човечки ресурси: Валентина Ѓоргиевска
Телефон: 02/3297-274
e-mail: Valentina.Gorgievska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за вработување, унапредување, мобилност и права и одговорности од работен однос: Јулијана Китановска
телефон: 02/3297-274
mail: Julijana.Stosic@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на Оддeление за мотивација, оценување, стручно оспособување и усовршување: Розе Сталеска
телефон: 02/3297-274
mail: Roze.Staleska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот