Секторот за даноци на имот и комунални такси ги врши работите околу утврдување и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на Градот Скопје, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје, Законот за општата управна постапка.
- Оддeление за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок:
- ги врши работите за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности;
- ги врши работите за утврдување и наплата на данок на наследство и подарок;
- врши месечна распределба на данокот на промет и данокот на наследство и подарок кои се наплатени од даночната администрација на Град Скопје, а се приходи на Општините во градот Скопје, согласно со критериуми утврдени со законски прописи;
- ја води жалбената постапка на данок на промет, наследство и подарок.
- Оддeление за утврдување и наплата на данок на имот:
- ги врши работите на утврдување и наплата на данок на имот;
- го води регистарот на недвижен имот и регистарот на подвижен имот и ја усогласува состојбата на регистарот на недвижен имот со регистарот кој го води Државниот завод за Геодетски работи;
- податоците од состојбите на регистрите на недвижен и подвижен имот во законски утврден рок ги доставува до Централниот регистар на РСМ и до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција;
- ја води жалбената постапка на данок на имот.
- Оддeление за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци:
- ги врши работите на утврдување и наплата на такси и надоместоци кои се приходи на Град Скопје;
- врши месечна распределба на таксите и надоместоците кои се наплатени од даночната администрација на Град Скопје, а се приходи на Општините на градот Скопје, согласно со критериумите утврдени со законските прописи;
- води регистри за утврдување и наплата на комуналните такси и други такси.
- Одделение за присилна наплата, сметководство и плаќања за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци:
- води сметководствената евиденција согласно закон и обезбедува точност и компллетност на сметководствената евиденција;
- врши ex-ante сметководствена контрола на целокупната финансиска документација пред да се изврши плаќање согласно пишани процедури за сметководствените процеси;
- евидентирање и плаќање на доспеаните обврски;
- евидентирање и наплата на побарувањата;
- ги врши работите за наплата на: данок на промет, данок на имот, комунални такси и други надоместоци кои се приходи на Градот Скопје и општините на градот;
- изготвува Опомени за неплатен даночен долг за даноците и таксите и другите надоместоци;
- изготвува Решенија за присилна наплата за даноците, таксите и другите надоместоци;
- врши контрола на изготвените Опомени и Решенија за присилна наплата;
- води жалбената постапка за присилна наплата;
- вршење усогласување на средствата и изворите на средствата на книговодствената состојба со вистинската состојба;
- следење и примена на законската регулатива.
- Одделение за прием, издавање, заверка на документи за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци:
- врши прием на документи за данок на промет на недвижности, наследство и подарок, данок на имот, комунални такси и други надоместоци, закажување на увид за проценка на недвижниот имот со изготвување на записник;
- врши издавање на документи (решенија, договори,уверенија и слично) за данок на промет на недвижности, наследство и подарок, данок на имот комунални такси и други надоместоци;
- го води уписникот преку приемни бројчиња по доставени даночни пријави, жалби, барања и др. во текот на годината и истиот се затвара со 31.12. во тековната;
- врши наплата на јавни приходи преку ПОС терминали;
- ги следи и применува законските прописи и дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти.
- Одделение за проценка на недвижен имот:
- утврдување на пазарна вредонст на недвижен имот;
- примена на методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
- утврдување на макро локација на зони, за секоја општина поедниначно согласно извршените продажби во тековната година;
- утврдување на фактичката состојба на терен согласно пријавениот имот;
- изготвување на записник, пресметка и извештај за проценетиот недвижен имот;
- постапување по жалбена постапка за проценетиот недвижен имот од данок на промет, наследство и подарок и данок на имот;
- изготвување на годишен ригистар на продаден и стекнат недвижен имот, согласно методологијата за утврдување на пазарна вредност;
- ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа.
Помошник раководител на сектор: Андријана Манчевска
Телефон: 02/3297-275
e-mail: Andrijana.Mancevska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор: Ана Лакордова
Телефон: 02/3297-543
e-mail: Ana.Lakordova@skopje.gov.mk
Помошник раководител на сектор: Нуредин Нуредини
Телефон: 02/3207-546
e-mail: NuredinNuredini@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за прием, издавање, заверка на документи за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци: Александар Георгиевски
e-mail: Aleksandar.Georgievski@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за утврдување и наплата на данок на имот: Анита Наков
Телефон: 02/3207-546
e-mail: anitan@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за проценка на недвижен имот: Викторија Симионска Арсова
Телефон: 02/3207-543
e-mail: Viktorija.Arsova@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на Одделение за присилна наплата, сметководство и плаќања за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци: Билјана Манакоска
телефон: 02/3297-296
mail: Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Одделение за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци: Ангелина Гиевска-Радеска
телефон: /
mail: Angelina.Gievska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот