Структура
Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок;
Одделение за утврдување и наплата на данок на имот
Одделение за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци
Одделение за присилна наплата, сметководство и плаќања за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци
Одделение за прием, издавање, заверка на документи за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци
Одделение за проценка на недвижен имот
Надлежности

Секторот за даноци на имот и комунални такси ги врши работите околу утврдување и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на Градот Скопје, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје, Законот за општата управна постапка.

 

- Оддeление за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок:

 

  • ги врши работите за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности;
  • ги врши работите за утврдување и наплата на данок на наследство и подарок;
  • врши месечна распределба на данокот на промет и данокот на наследство и подарок кои се наплатени од даночната администрација на Град Скопје, а се приходи на Општините во градот Скопје, согласно со критериуми утврдени со законски прописи;
  • ја води жалбената постапка на данок на промет, наследство и подарок.

 

- Оддeление за утврдување и наплата на данок на имот:

 

  • ги врши работите на утврдување и наплата на данок на имот;
  • го води регистарот на недвижен имот и регистарот на подвижен имот и ја усогласува состојбата на регистарот на недвижен имот со регистарот кој го води Државниот завод за Геодетски работи;
  • податоците од состојбите на регистрите на недвижен и подвижен имот во законски утврден рок ги доставува до Централниот регистар на РСМ и до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција;
  • ја води жалбената постапка на данок на имот.

 

- Оддeление за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци:

 

  • ги врши работите на утврдување и наплата на такси и надоместоци кои се приходи на Град Скопје;
  • врши месечна распределба на таксите и надоместоците кои се наплатени од даночната администрација на Град Скопје, а се приходи на Општините на градот Скопје, согласно со критериумите утврдени со законските прописи;
  • води регистри за утврдување и наплата на комуналните такси и други такси.

 

- Одделение за присилна наплата, сметководство и плаќања за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци:

 

  • води сметководствената евиденција согласно закон и обезбедува точност и компллетност на сметководствената евиденција;
  • врши ex-ante сметководствена контрола на целокупната финансиска документација пред да се изврши плаќање согласно пишани процедури за сметководствените процеси;
  • евидентирање и плаќање на доспеаните обврски;
  • евидентирање и наплата на побарувањата;
  • ги врши работите за наплата на: данок на промет, данок на имот, комунални такси и други надоместоци кои се приходи на Градот Скопје и општините на градот;
  • изготвува Опомени за неплатен даночен долг за даноците и таксите и другите надоместоци;
  • изготвува Решенија за присилна наплата за даноците, таксите и другите надоместоци;
  • врши контрола на изготвените Опомени и Решенија за присилна наплата;
  • води жалбената постапка за присилна наплата;
  • вршење усогласување на средствата и изворите на средствата на книговодствената состојба со вистинската состојба;
  • следење и примена на законската регулатива.

 

- Одделение за прием, издавање, заверка на документи за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци:

 

  • врши прием на документи за данок на промет на недвижности, наследство и подарок, данок на имот, комунални такси и други надоместоци, закажување на увид за проценка на недвижниот имот со изготвување на записник;
  • врши издавање на документи (решенија, договори,уверенија и слично) за данок на промет на недвижности, наследство и подарок, данок на имот комунални такси и други надоместоци;
  • го води уписникот преку приемни бројчиња по доставени даночни пријави, жалби, барања и др. во текот на годината и истиот се затвара со 31.12. во тековната;
  • врши наплата на јавни приходи преку ПОС терминали;
  • ги следи и применува законските прописи и дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти.

 

- Одделение за проценка на недвижен имот:

 

  • утврдување на пазарна вредонст на недвижен имот;
  • примена на методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
  • утврдување на макро локација на зони, за секоја општина поедниначно согласно извршените продажби во тековната година;
  • утврдување на фактичката состојба на терен согласно пријавениот имот;
  • изготвување на записник, пресметка и извештај за проценетиот недвижен имот;
  • постапување по жалбена постапка за проценетиот недвижен имот од данок на промет, наследство и подарок и данок на имот;
  • изготвување на годишен ригистар на продаден и стекнат недвижен имот, согласно методологијата за утврдување на пазарна вредност;
  • ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа.
Контакт

Раководител на Секторот: Оливер Лазоски

e-mail: Oliver.Lazoski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Андријана Манчевска

Телефон: 02/3297-275

e-mail: Andrijana.Mancevska@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Ана Лакордова

Телефон: 02/3297-543

e-mail: Ana.Lakordova@skopje.gov.mk

 

Помошник раководител на сектор: Нуредин Нуредини

Телефон: 02/3207-546

e-mail: NuredinNuredini@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за прием, издавање, заверка на документи за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци: Александар Георгиевски

e-mail: Aleksandar.Georgievski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за утврдување и наплата на данок на имот: Анита Наков

Телефон: 02/3207-546

e-mail: anitan@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за проценка на недвижен имот: Викторија Симионска Арсова

Телефон: 02/3207-543

e-mail: Viktorija.Arsova@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на Одделение за присилна наплата, сметководство и плаќања за даноци на имот, комунални такси и други надоместоци: Билјана Манакоска

телефон: 02/3297-296

mail: Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

 Раководител на одделение за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок: Самет Љачи

телефон: /

mail: Samet.Ljaci@skopje.gov.mk 

Работно време: 8:30 - 16:30 часот