Структура
Одделение за нормативно правни и административни работи од областа на јавните набавки
Одделение за спроведување на постапки за јавни набавки
Надлежности

Сектор за јавни набавки ги опфаќа  работи и надлежности во врска со следење и реализација на планот за јавни набавки, изготвување на одлуките за јавна набавка, изготвување на одлуки за јавна набавка, објавување на огласи за јавна набавка во електронскиот систем за јавни набавки, Службен весник на РСМ и во меѓународно службено гласило на ЕУ, согласно одредбите на Законот за јавните набавки, учествува во изготвувањето на тендерските документации за јавни набавки, врши набавки од мала вредност, изготвување на договорите за јавни набавки, ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка, координација и стручна помош на комисиите за јавни набавки, како и правни консултации со Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки и други органи и институции, со цел примена на одредбите на Законот за јавните набавки, водење на жалбена постапка пред Државната комисија за жалби по јавни набавки.

 

- Одделение за нормативно правни и административни работи од областа на јавните набавки

 

  • во законски утврдениот рок, подготвува предлог годишен план за јавните набавки по видови на стоки, услуги и работи;
  • извршува работи поврзани со следење и реализација на планот за јавни набавки;
  • спроведување на анализа на пазарот за конкретната постапка за јавна набавка согласно законските одредби;
  • ги прима и води евиденција и регистар на поднесени барања за доделување на договори за јавна набавка од надлежните сектори;
  • ги подготвува предлог одлуките за потреба од јавна набавка;
  • ги подготвува огласите за јавни набавки и ги објавува во согласност со закон, по поднесено барање за доделување на договор за јавна набавка од надлежен Сектор на Град Скопје;
  • во координација со надлежните сектори, учествува во подготовката на документацијата за јавни набавки;
  • подготвува предлог одлука за избор на најповолен понудувач или одлука за поништување на постапката за јавна набавка;
  • го подготвува известувањето за избор на најповолен понудувач и го доставува до сите учесници во јавниот повик;
  • ги ажурира податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН;
  • објавува негативна референца во ЕСЈН согласно со условите од овој закон;
  • дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата за јавна набавка;
  • изготвува одговори по жалби поднесени од економските оператори;
  • изготвува жалби по решение на Бирото за јавни набавки при спроведена управна контрола;
  • изготвува задолженија за следење на договорите за јавни набавки;
  • го води регистарот на постапките за јавни набавки и ги доставува податоците до Бирото за јавни набавки;
  • врши евиденција на јавни набавки по видови и постапки и формира посебно досие за секоја јавна набавка и други работи поврзани со процедурите за јавните набавки.

 

- Одделение за спроведување на постапки за јавни набавки

 

  • извршува работи поврзани со спроведување на постапката за јавна набавка,
  • задолжително учествува како член во комисијата за јавна набавка кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра за работи;
  • дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавна набавка за спроведување на јавно отворање на понуди,
  • врши проверки на негативни референци на економски оператори,
  • подготвува извештаи, записници и други акти во текот на евалуација на постапките и за потребите на комисиите за јавна набавка на Град Скопје,
  • врши работи поврзани со Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) како регистрирање интерни корисници (членови на комисии за јавни набавки, единици за јавни набавки, контрола/ревизија и сл.)
  • советување и подршка на комисијата за јавна набавка за целиот процес на евалуација на понудите во однос на примената на одредбите од Законот за јавните набавки,
  • закажување и следење на електронска аукција,
  • и други работи поврзани со процедурите за јавните набавки.
Контакт

Помошник раководител на сектор - Димитар Георгиевски

mail: Dimitar.Georgievski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

 

Раководител на Одделение за нормативно правни и административни работи од областа на јавните набавки: Кристина Диневска

mail: Kristina.Dinevska@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот