Секторот за внатрешна ревизија врши внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставена од Град Скопје, согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатена од Министерството за финансии, подготвува стратешки и годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето на Градоначалникот на Град Скопје го обезбедува неговото спроведување и следење, го информира градоначалникот доколку се појави сомнеж за нерегуларност и/или измами кои можат да резултират со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка, доставува извештај за спроведената внатрешна ревизија до градоначалникот, подготвува годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија, поднесува годишни планови за обука до Градоначалникот на Град Скопје за нивно одобрување и ја обезбедува нивната имплементација, врши оценување на значајните фактори на ризик и дава совети на Градоначалникот на Град Скопје за намалување на факторите на ризик, врз основа на анализи од работењето, ја утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работата на администрацијата, утврдува и оценува усогласеност на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на Град Скопје.
- Одделение за внатрешна ревизија на администрацијата на Град Скопје:
- континуирано ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на ревизијата и финансиското и материјалното работење и се грижи за нивната примена;
- врши утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и интерните акти;
- подготвува, предлага и изготвува стратешки и годишни планови за внатрешна ревизија на одделението, врз основа на процената на ризикот и го реализира планот за работа;
- ги оценува значајните фактори на ризик и дава совети на раководителот на секторот за намалување на факторите на ризик;
- врз основа на анализи ги утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите на финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на субјектот;
- врши ревизија во сите сегменти на работењето на Град Скопје согласно законите, подзаконските акти и прописите на Градот Скопје;
- навремено, законито и квалитетно ги извршува работите и задачите што се вршат во одделението;
- врши проверка на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- го следи спроведувањето на преземените мерки од страна на раководителот на субјектот каде е извршена ревизија врз основа на ревизорските извештаи;
- оформува архива за извршените ревизии и се грижи за правилно евидентирање и чување на ревизорските документи и ревизорските докази;
- изготвува анализи, информации и други материјали;
- врши обуки и предлага насоки за доусовршување на вработените;
- остварува редовни контакти со другите одделенијата во секторот и разменува информации и искуства.
- Одделение за внатрешна ревизија на јавните претпријатија основани од Град Скопје:
- континуирано ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на ревизијата и финансиското и материјалното работење и се грижи за нивната примена;
- врши утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и интерните акти;
- подготвува, предлага и изготвува стратешки и годишни планови за внатрешна ревизија на одделението, врз основа на процената на ризикот и го реализира планот за работа;
- ги оценува значајните фактори на ризик и дава совети на раководителот на секторот за намалување на факторите на ризик;
- врз основа на анализи ги утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите на финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на субјектот;
- врши ревизија на сите сегменти од работењето на јавните претпријатија на кои основач е Град Скопје согласно законите, подзаконските акти и прописите на Градот Скопје;
- навремено, законито и квалитетно ги извршува работите и задачите што се вршат во одделението;
- врши проверка на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- го следи спроведувањето на преземените мерки од страна на раководителот на субјектот каде е извршена ревизија врз основа на ревизорските извештаи;
- оформува архива за извршените ревизии и се грижи за правилно евидентирање и чување на ревизорските документи и ревизорските докази;
- изготвува анализи, информации и други материјали;
- врши обуки и предлага насоки за доусовршување на вработените;
- остварува редовни контакти со другите одделенијата во секторот и разменува информации и искуства.
- Одделение за внатрешна ревизија на јавните установи основани од Град Скопје:
- континуирано ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на ревизијата и финансиското и материјалното работење и се грижи за нивната примена;
- врши утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и интерните акти;
- подготвува, предлага и изготвува стратешки и годишни планови за внатрешна ревизија, врз основа на процената на ризикот и го реализира планот за работа;
- ги оценува значајните фактори на ризик и дава совети на раководителот на секторот за намалување на факторите на ризик;
- врз основа на анализи ги утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите на финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на субјектот;
- врши ревизија на сите сегменти од работењето на јавните установи на кои основач е Град Скопје согласно законите, подзаконските акти и прописите на Градот Скопје;
- навремено, законито и квалитетно ги извршува работите и задачите што се вршат во одделението;
- врши проверка на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- го следи спроведувањето на преземените мерки од страна на раководителот на субјектот каде е извршена ревизија врз основа на ревизорските извештаи;
- оформува архива за извршените ревизии и се грижи за правилно евидентирање и чување на ревизорските документи и ревизорските докази;
- изготвува анализи, информации и други материјали;
- врши обуки и предлага насоки за доусовршување на вработените;
- остварува редовни контакти со другите одделенијата во секторот и разменува информации и искуства.
Помошник раководител на сектор: Јане Попоски
Телефон:
e-mail: Jane.Poposki@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор: Костадинка Дојчиновска
Телефон:
e-mail: Kostadinka.Dojchinovska@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот