Трифун Костовски
2005 - 2009
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Дата на раѓање: 27 декември 1946, Скопје
Статус: женет, три деца
ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Говори англиски, полски, руски и српско-хрватски јазик
СЕГАШНА ПОЗИЦИЈА
- Член на Бордот на Меѓународната кризна група (МКГ)
- Корпоративен член на Советот за надворешни работи на САД
- Корпоративен член на Глобалната бизнис коалиција за борба против СИДА
- Член на Советодавното бизнис тело, работен состанок II на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа
- Член на Парламентарното собрание на ЦЕИ
- Основач и член на Форумот за Македонија 2001
- Основач и член на Форумот за евроатланска интеграција на Република Македонија (ФЕИМ)
- Основач и член на Граѓанското движење на Македонија
- Претседател на Ракометната федерација на Македонија
ПРИЗНАНИЈА И АКТИВНОСТИ
- Добитник на наградата “Климент Охридски” за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност (2004)
- Основач на Фондацијата “Трифун Костовски” во рамките на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
- Функцијата на фондацијата е финансирање на научни проекти, едиции, публакации и уметнички колекции од национален интерес
- Ктитор на изградбата на Соборниот храм “Света Богородица”, заштитничката на Скопје
- Сопственик на ракометниот клуб “Кометал Ѓорче Петров“ кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција
- Претседател и спонзор на фудбалскиот клуб “Работнички Кометал“
- Спонзор на “Пелистер Кометал“, повеќекратен државен шампион во ракомет во машка конкуренција
- Основач и финансиер на неколку медиумски куќи во Македонија
- Финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, помош на инвалиди, финансиска поткрепа на социјални случаи, помош на болни за операции и лекувања
- Спонзорирање на школување на млади музичари и уметници
- Спонзорирање на заштитата и обновата на културно - историски споменици
- Спонзорирање на светилишта на Македонската православна црква. Има помогнато во санацијата на “Св. Софија” во Охрид и “Св. Пантелејмон” во Велес, на конаците на “Св. Јован Бигорски”. Има донирано во црквите “Св. Трифун” во Кучково, “Св. Петар и Павле” во Јурумлери, Скопско, ”Св. Климент и Св. Петка” во Штип, Соборниот храм “Рождеството на Света Богородица Трорачица” во Крива Паланка. Во овој контекст треба да се спомене и помошта за џамијата во Центар Жупа.
- Донирање во значајни акции и објекти во Скопје (улица “Водњанска”, Кеј “13 Ноември”, булевар “Маркс и Енгелс”, споменик на Мајка Тереза, инфраструктурни работи во неколку училишта, гимназии, факултети и села), како и во други градови во земјата
РАБОТНО ИСКУСТВО
- Основач на Кометал Трејд (Kometal Trade Gmbh) - Виена, Австрија (1991). Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар
ПРЕДХОДНО ИСКУСТВО
- Прво вработување во Технометал - Македонија” во Скопје (1971)
- Претставник на “Технометал - Македонија” во канцеларијата во Варшава
- Вработување во швајцарската фирма “Ситко” во Виена (1989)
- Претставник на “Ситко” во канцеларијата во Варшава
- Член на Собранието на Република Македонија со статус на независен пратеник