Коце Трајановски
Коце Трајановски
2009 - 2017

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Роден е 1956 година, во Скопје, Република Македонија.

Семеен човек , сопруга Душанка, ќерка Климентина.

Хоби, се занимава со кошарка и фудбал, а претходно и со карате.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Машински Факултет во родниот град 1980 година.

 

РАБОТНО ИСКУСТВО

  • Од 1981 - 1996 година работи во МЗТ ХЕПОС како раководител на компјутерскиот центар.
  • Во периодот 1996 - 1998 година ја основа и ја води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи, притоа ја затвора фирмата и се насочува кон политиката.
  • Во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО ДПМНЕ.
  • Во 2002 година е избран за пратеник на пропорционалната листа на ВМРО ДПМНЕ.
  • Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба каде со своите работни задачи и надлежности како градоначалник ја зајакнува локалната самоуправа и нејзиното раководење. 
  • Во април 2005 година е избран за градоначалник на општина Гази Баба на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • Во април 2009 година е избран за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • На април 2013 година е избран за втор мандат за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • Во 2009 година е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.
  • Во 2013 година повторно е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.
  • Поранешен претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи - ЗЕЛС.
  • 4 години е член на генерално собрание на мрежата на национални локални власти во југоисточна Европа - НАЛАС.
  • Поранешен член е на Комисијата за исполнување на критериуми за 2 фаза од фискална децентрализација.
  • Поранешен член е во Националниот комитет за Европска унија.
  • Поранешен член е на Националниот Совет за Рамномерен Регионален Развој.
  • Поранешен член е во Комитетот за урбана експанзија и справување со отпад.