Заврши Јавниот повик за субвенционирање на чистењето оџаци 01.12.2022
Градот Скопје известува дека заврши Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2022 година.
Јавниот повик, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот, траеше од 22.06.2022 до 30.11.2022 година и на истиот по електронски пат пристигнаа 297 барања.
Со овој повик, Градот Скопје надоместува дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.200 денари, а на јавниот повик можеа да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.
Целта на овој проект на Град Скопје е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне позитивни ефекти - подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност