ШИЛЕГОВ: РЕНОВИРАНИОТ БИТ-ПАЗАР СЕ ВРАЌА НА СКОПЈАНИ 03.9.2021
Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на реконструираниот Бит-пазар, еден од најпосетените пазари во Скопје. На отворањето на оваа значајна инвестиција на Скопски пазар АД Скопје присуствуваа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.
-Дозволете да му честитам на инвеститорот АД Скопски пазар, а воедно и да се заблагодарам за нивната инвестиција на Бит-пазар, како најголем и најфреквентен зелен пазар во Скопје. Оваа инвестиција е од огромно значење за нашиот град, бидејќи претставува огромен чекор напред во уредувањето на овој простор кој овозможува подобри услови и за пазарџиите и за граѓаните кои секојдневно ги користат нивните услуги. Градот Скопје заедно со Општина Чаир, неколку надлежни институции на централно ниво, Комората на трговци на Република Северна Македонија и Еснафот на Старата скопска чаршија, подолго време се обидуваме да воспоставиме ред на јавните површини, а пред се тротоарите и велосипедските патеки. Овие наши напори опфаќаа ослободување на тротоарите и велосипедските патеки, нивна реконструкција, поставување на нова урбана опрема, жардиниери, заштитни столпчиња, како и обнова на зеленилото на булеварот Крсте Мисирков, кој го реконструиравме од „Мавровка“ до Бит-пазар. Тоа го правевме за да развиеме партнерски однос со сите засегнати страни, трговците, муштериите, но и учесниците во сообраќајот, пред се, тука мислам на пешачкиот и на велосипедскиот сообраќај. Ваквиот партнерски однос успеавме да го воспоставиме уште тогаш, а оваа инвестиција е само едно големо поместување напред во насока на подобрување на просторните услови во овој дел од градот – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој изрази уверување дека просторните услови на новиот објект на Бит-пазар ќе овозможат непречено одвивање на трговската дејност на сите заинтересирани субјекти кои и досега го користеа овој пазар.
-Скопје е град за сите и искрено се радувам на секоја инвестиција која овозможува подобрување на условите во кои секојдневно функционираат нашите граѓани, независно на кој дел од градот му припаѓаат и независно во која општина живеат – нагласи Шилегов.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност