Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци 07.7.2023

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 10 до 14.07.2023 година (од понеделник до петок) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира третата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.


Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.


Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.