ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ НА СРЕДБА СО МЕНАЏМЕНТОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА „ЛИДЛ“ 07.4.2021
Градоначалникот Шилегов денеска одржа состанок со претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“, на која се дискутираше за новите инвестиции на трговскиот ланец во нашата земја.
На состанокот присуствуваа и Претседателот на Владата на РС Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, како и претставници на менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска извршен директор на „Лидл“ - Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски - директор на централните служби како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентираа плановите за новата инвестиција во земјава.

На средбата се дискутираше за планираните инвестиции на трговскиот ланец „Лидл“ во нашата земја, каде согласно стратегијата за експанзија се планира отворање на маркети од светскиот бренд во сите градови со одржлива демографска и економска моќ, а најголемиот број од нив ќе бидат концентрирани токму во Скопје.

Прва инвестиција која ќе биде реализирана во државава е изградбата на модерен логистички центар кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Во овој логистички центар ќе се користи со опрема според сите најсовремените стандарди во Европа и ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
