ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВРЕМЕНО РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ-ПРОЕКТ ЗА ОПШТЕСТВЕНО КОРИСНА РАБОТА 08.11.2023
Град Скопје денеска /08.11.2023/ на веб- страницата и во дневни весници, објави Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во градската Програма „Општинско - корисна работа“. Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје.
Проект претставува поддршка на инклузијата во образовниот процес и унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје, како и времено работно ангажирање на привремено невработените лица како образовни и лични асистенти.
Заинтресираните невработени лица можат да поднесат Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ во Агенција за вработување - Центар за вработување на град Скопје во периодот од 08.11.2023 година до 14.11.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат на веб-страницата на Град Скопје, на следниот линк skopje.gov.mk/media/10236/нов-јпокр-оп-2023-1.pdf или кај Координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Град Скопје Александра Михајловска тел: 078/414-743, во Агенција за вработување - Центар за вработување на град Скопје кај лицето Ивона Живковиќ Јованов, тел: 078/487-564, и во Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, кај лицето Анка Арсова 070/235-153.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Град Скопје и избраните кандидати.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност