Арсовска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија - Хозе Луис Лозано Гарсија 10.2.2022
Градоначалничката Арсовска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. Арсовска и Гарсија споделија мислења во однос на тековните и идните активности на Градот Скопје, но и можноста за заедничка соработка.
На задоволство на Градот Скопје, заедно со претставниците на амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија ќе се отпочне иницијатива за збратимување на Скопје со градови во Шпанија со кои Град Скопје има заеднички интерес и може да остварува заедничка интензивна соработка.
Амбасадорот Гарсија го истакна туристичкиот потенцијал кој го има градот Скопје и можноста за нови проекти со помош на Кралството Шпанија, со цел подигнување на туризмот во Скопје.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност