Прва средба на градоначалникот Aрсовска со новинарите 11.11.2021
Воведувањето бесплатен јавен превоз во Скопје, новогодишното украсување на градот, новиот Генерален урбанистички план, галиите во коритото на реката Вардар, одржувањето на седниците на Советот на Град Скопје и работењето на јавните претпријатија беа само дел од темите на кои се разговараше на денешната прва средба на градоначалникот Данела Арсовска со претставниците на медиумите.
Арсовска нагласи дека во својот мандат има намера да покаже дека работите во Градот Скопје може да се водат поинаку, без вмешување на политиката, туку со почовечен пристап едни со други, како меѓу вработените во администрацијата, така и со граѓаните.
- Мене граѓаните на Скопје ми дадоа мандат да го реализирам тоа што е понудено во мојата програма и тоа планирам да го направам во наредните четири години како градоначалник на Град Скопје. Посветено ќе работам на остварување на мојата програма и на визијата за модерно Скопје. Токму затоа се откажав од сите претходни функции - одговори Арсовска на новинарско прашање дали се откажала од функцијата конзул на Република Унгарија во нашата земја.
Таа рече дека веќе е почната реализацијата на првите проекти од нејзината програма кои се предвидени за спроведување во првите 82 дена, како што е акцијата за расчистување на дивите депонии. Од градоначалниците на сите десет скопски општини, како што појасни таа, ќе се побараат и дополнителни локации што треба да се расчистат за да се уреди просторот и да се намали загадувањето.
Градоначалникот додаде дека веќе се работи и на ревизија на затекнатите проекти, а се разгледува и работењето на јавните градски претпријатија и културните институции за да се утврди фактичката состојба на која ќе се базираат сите понатамошни чекори.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
