НОВИ СТОЛПЧИЊА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ И ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ВО СКОПЈЕ 12.2.2020
Екипите на ЈП „Улици и патишта" во изминатиов период санираа плочник на улица 11-ти Октомври пред зградата на Собранието, работеа на реконструкција на оштетувањата на коловозот на скопските улици, санираа заштитна ограда од мостот Тодор Александров, а реконструираа и рабници и тротоари, како и пешачки патеки.

Поставени се нови и заменети се оштетените столпчиња на ул. Свети Кирил и Методиј, поставени се платоа за успорување на сообраќај на ул. 12-та Македонска бригада, во близина на Трговскиот центар во населба Лисиче, а на бул. АСНОМ поставени се нови цевки за кабли од семафорска инсталација. На бул. Никола Карев (Пластичарска улица) отстранет е полупортален семафорски столб, а во населба Хиподром во тек е поставување на банкини покрај патот. На ул. Востаничка санирани се тротоари и поставени нови големи рабници, а екипите работат и на поставување нова вертикална, контрола на веќе постојната сигнализација и бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација.




- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
