Да работиме во интерес на граѓаните, порача Арсовска 13.1.2022

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 очекува соработка и разбирање од идниот мандатар Димитар Ковачевски во однос на круцијалните проекти кои се од интерес на сите граѓани, а кои се во надлежност на градот.

„Ако на идниот премиер интересот за граѓаните му е поважен од се останато, верувам дека ќе има соработка. Меѓутоа, за тоа не треба да се делат ниту општините, ниту градоначаниците на свои и туѓи. На тој начин не може да има функционалност, не може да има резултати, ниту пак граѓаните ќе го добијат најдоброто. Верувам дека Скопје би требало да биде стратешки местото каде ќе се постави фокусот, имајќи ја предвид бројката на граѓани кои живеат во него. Како претседател на ЗЕЛС, ние тесно соработуваме и застапуваме 81 општина на локална самоуправа. Она што идниот мандатар треба да го направи е да работи во интерес на сите граѓани и на сите општини во Македонија“, посочи Арсовска.