2020 – ГОДИНА НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ 15.1.2020
Градоначалникот Петре Шилегов, на наредната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи 2020 да биде прогласена за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од неговото раѓање. Ова е само еден доказ дека Град Скопје се грижи и ги вреднува нашите вистински вредности.
Во текот на целата година, Градот ќе организира и ќе поддржува низа активности во чест на овој наш голем творец. Меѓу другото, предвидена е голема изложба за ликот и делото на Јаневски, поддршка на реиздавањето на неговите дела и именување на улица, а еден од скопските ѕидови ќе го краси мурал во негова чест.
Активностите за одбележување на овој голем јубилеј започнуваат уште денеска со поетското читање насловено како „Произведувачи на зборот“ во Културно информативниот центар, со почеток од 19.30 часот, на коешто ќе се обрати претседателката на Советот, Љубица Јанчева.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
